Работа во Авганистан..дали вреди да се оди тему со цел да се заработат "брзи" пари?
Колку е просечната заработувачка таму?
Дали вие би отишле таму на некои 6месеци, па и година?
Прво, ова е најголемата лага што ке си ја кажеш на самиот себе....
Никој кој е дојден тука, не останал на 6 месеци, барем ја таков не знам во овие 4 години како сум тука ....
Ке ти пишам пост од гледна точка на цивилен работник ...
Постојат 2 компании кои до пред некое време ангажираа работници од Македонија ...
-DynCorp
-
FluorDyncorp, ти е во Кандахар, и целиот проект во Авганистан е поделен на два дела, јужен и северен ...
Јужниот, значи Кандахар, го држи DynCorp...
Со нив идеш на 6 месеци дома, на одмор, слаби се со бонуси, платата е некои 10-20% помала од Fluor ....
Кандахар скоро секој ден го рокаат, така да, доколку мислиш да идеш да работиш за ниv, тоа да ти биде на ум...
Fluor...
Во оваа фирма пак, почнаа со lay off, едноставно по завршувањето на договорот од една година им соопштуваат на работниците дека со слободни, и ги праќаат дома ...
-Работник во кујна зема околу 40.000 USD, имаш 4 годишни одмори, платени, некаде по 1500 USD, плус на оние 40.000..
Се работи 12 часа секој ден во неделата ...
-Магационер беше околу 55.000 USD,
-Property specialist беше околу 50.000 ...
-IT, во зависност од тоа дали си technician или coordinator, оние беа со 70К и 84К
Кујната ти зависи од базата во која што ке бидеш сместен, услови за живот се катастрофални, со тенденција да бидат уште покатастрофални, договорот се ближи кон крај, и никој не го боли за ништо ....
Во ова време на твое место би дошол, доколку е можно, затоа што мислам дека Fluor е на stand by со новиве вработувања, само доколку ножот навистина дошол до коска ...
Моја препорака, бркај Џибути, Африка, исто преку Fluor ... Овде се полека иде у неповрат ... плус ако го нападнат Иран, секоја база им е на домет на лудациве ...
Нешто друго ако те занима, прати ми ПП слободно, колку можам, ке ти помогнам...