Глеам никој ништо не пишал, па ајде јас пак да си пишам.
Овој убав облачен ден(Петок или Спасов ден) бев на операција во клиника кај Др. Маршер. При тоа ми беше одстранет еден бајпас, при што се зголеми притисокот на бензин за пола бар во лер гас и ваљда во не-лер. Резултатите се евидентни со едноставно допирање на папучата. Се осеќа многу подобар одзив, т.е. колата многу поубаво прима. Моја субјективна перцепција е и дека поубаво забрзува, меѓутоа тоа е нијанса за која ќе мора да се оди со докази, односно т.н. видео записи. Инаку за време на тестирањето моравме да ја газиме колата неколку километри во четврта брзина на 7000RPM, при што возевме 200km/h. Ова за прв пат го правам на мојот автомобил, во секој случај ме импресионираше колку континуирано си забрзуваше до 7000RPM што е веќе во црвена зона (од 6500RPM е веќе на црвено).
Од тестирањето произлезе дека свеќиците воопшто не се замастуваат и дека изгледаат одлично. Додуша 3-тата свеќица беше малку замастена на првиот тест, но на вториот беше во ред.
Па би сакал да слушнам коментари, критики, предлози и совети.