SaleSk...
Коренот на овој никнејм датира уште од далечната 1998 година...Во тоа време беше многу популарен социјалниот програм mIRC преку кој голем дел од популацијата во нашата земја си ја најде среќата по далечните земји и белиот свет. За жал или за среќа, јас кој земав активно учество и покажав особен интерес и успех за овој совтверски пакет, не заминав никаде туку останав во нашата мила татковина - мајка Македонија. Тогашниот ник кој 100% од времето на вклучен компјутер хараше по андернет каналите беше Sale77. Значи што како активен ник, што како ОП, што како војс итн. Pletenje, olabaeni, macedoniancafe, serbiancafe и други беа седиштето на збиднуванјата. Потрошувачката на телефонски часови во тоа време изнесуваше и преку 200 часа, што е за секаква пофалба. Мебиус беше еден од главните и поефтините одкупни пунктови за интернет часови, + со студентски попуст, мхм, мхм мераци.... И покрај релативната брзина од 33кбс, се успеваше да се симне некоја пресна преку Napster, + имаше можност да се хакне и по некој јузер од MOL и UNET, па така да кога се тоа ке се случеше, активност на телефонска линија и конекција од неверојатно ултрабрзи 54мбс траеше и по 24/7 со цел да не се изгуби местото на чекање и повторен обид за конекција, која знаеше да биде и по неколку часа зафатена....Исто така морам да напоменам дека со овој ник земав активно учество и постигнав солидни резултати и со користење на социјалниата мрежа на ICQ преку кој остварив многу контакти и запознав секакви и многу интересни ликови.
Со смена на генерациите, никот мораше да претрпи некој промени, надоградби и усовршувања, а меѓу другото се појавија во прво време турски, а потоа и кинески копии кој почнаа да го рушат висококотираното место во интернет светот. Односно во транзициониот период од 2003-2005 година кој беше исклучително тежок и макотрпен, како за светската економија така и за домашната, + со појава на голем број форуми во светски рамки, никот Sale77 го доби својот наследник и покрај големиот постигнат успех во светски и домашни рамки. Новиот никнејм со двотретинско мнозинство беше изгласан и гласеше SaleSk. Новиот модел е базиран на старата архитектура, се разбира со модификации кој ги одтранија недостатоците и пропустите на стручниот тим кој работеше во формирањето на првичниот никнејм. Може да се смета дека овој никнејм кој важи за еден од иновациите на денешнината, би требало да опстојува уште многу долго. Платформата му е така дизајнирана, да со многу мали модификации и измени може да се адаптира на секаков вид услови за работа и опстојување.
Инаку првичнно коренот на никнејмот е ист, односно доаѓа од името Сашко, a вториот дел во првата верзија беше година на раѓање, додека пак како еден недостаток мораше да се замени со новата генерација, односно потеклото, бидејќи сваќањата во белиот свет беа поразлични од оние кај нас односно : НЕ Е БИТНО КОЈ СИ, туку ОД КАДЕ СИ!!! , па така да како новитет во новата генерација беше употребен и новиот суфикс Sk, што би значело Скопје.
Денес никнејмот има еден куп историја зад себе која доколку почнам да ја пишувам ке ми требаат неколку страни од форумов и можда кило, ма и три кила гигабајти од простор на форумов, па нема да замарам

Така да доколку некој не укапира, ке кажам на кратко
SaleSk = Сашко од Скопје.
Фала за вниманието
