ако некој не знае (ако воопшто има таков) нека ми го прочита никот наопачки, а после нека види во потписот... ама.. како дојде до него? па на еден форум под никот КАНО попив траен бан заради “жустро“ објаснување со администрација за некои не логични самоволија, во принцип детски фантазии. и инат ме фати, направив нов јузер со никот ОНАК само и само да се дообјаснам со нив и тоа јавно онака како што сакав да ги испердашм. целта ј апостигнав, после извинување останав член на тој форум ама не се активирав више никад, а никот ми остана, пошто во меѓувреме некои луѓе веке ме запознаа како онак и тоа е тоа... си остана.. инаку ник како ник, баш ми е сеедно каков ке биде...