Прво едно големо благодарам на сите за предлозите за китење на моето возило по повод нова година
Зоки бандажите ги перев 2 пати од како се офарбани.Првиот пат ги перев сам а денес ги перев во перална,со напомена да не се запнува многу со вапот иако мислам дека не би имало проблем.Проблем би имало доколку на некое место е оштетено или не е добро офарбано а притоа запнеш многу на тоа место верувам дека ќе го откорнеш.Позитивното е дека ако се оштетат можеш да ги корегираш
Сега за сега е многу рано да кажам ама не покажуваат никаков проблем.
Проблемот е што мојот бандаж има многу краци и е тежок за чистење,се полни многу со нечистотии.И претходно беше тежок за чистење ама сега е уште потешко бидејки сега се мат и пластидипот има рапава текстура и многу се полни со ѓубре.
Можеби ова не би било случај доколку им нанесев и безбоен лак,ама целта ми беше да бидат мат.Епа ако сакаш мат ќе си ги бришеш почесто.Денес им намачкав и восоче и мислам дека помалку ќе се прљаат,односно полесно ќе се чистат