Можеби малку подрането,ама наместен е зимкиот сет.
Гуми Matador Mp59 Nordica 205/55/16
Бандажи SSW s105 16"
Сетот е купен од Мултибренд кои ми понудија најповолна опција.
За Матадорот бев скептик и воопшто не знаев за каков бренд се работи ама по сугестија на повеќе луѓе се одлучив за истиот.
Има мала разлика во удобноста од 17ките,што е и нормално поради висината на гумата.На суво колку можев да ги пробам,а се потрудив најдобро што знаев и умеев,гумата се односува изненадувачки добро иако првичната намена не и суво и топло време.
Рано е да кажам,зимава ќе си покаже за каква гума се работи,се надевам нема да ме разочара иако и не очекувам премногу за гума од таа класа.
Искрено гледав да е најповолна понуда,и да добијам најмногу за парите.Зимно време не поминувам многу километри,само целта ми беше да не ги уништувам летните гуми и верувам колку толку подобро да се однесува зимскава гума на ниски температури.Најголемиот дел од километрите зимава ќе бидат поминувани низ Скопје и мислам дека е жалосно да ставам премиум зимска гума.
Епа толку,ај да не го тупам повеќе,еве и некоја слика како искочи сето тоа од визуелен аспект