Фино што мислиш дека имаат толку ќар по возило.
А и да имаат, со оглед на продажбата на нови возила, тоа е далеку од доволно да се покријат трошоците. Во Јануари и Февруари се продале вкупно 11 парчиња Флуенс.
Еве, нека имаат по 3000 евра заработка на кола (а немаат), тоа се 33.000 евра.
Аутомотив груп има најмалку 30 вработени (почнувајќи од продавачи, па до маркетинг тим, сервисери, лакери, секретарки, чистачи, итн..). Нека се просечните трошоци за еден вработен 800 евра (плата + придонеси), тоа се 24.000 евра. Плус индустриска струја и вода, телефон, интернет, греење..
Значи, никој од импортерите во Македонија не заработува од продажбата на возила. Имаме прилично високи давачки кон државата, со увозот на половни возила (што сметам дека е една од најголемите грешки направени кај нас..) ја утепаа продажбата на нови возила и полека-полека унишуваат една бизнис гранка во земјата која директно и индиректно вработува илјадници луѓе и за која се направени милионски инвестиции.
Сите сакаме кога ќе отидеме со колата на сервис фино да не пречекаат, да имаме каде да седнеме и да испиеме кафе, објектот да е чист и модерен.. Е сето тоа кошта. Страв ми е да помислам колку коштало да се изгради еден објект кој е потребен за импортер, и кои се месечните трошоци околу тој објект..
6500 денари за сервис, за кола која коштала ~15-16.000 евра во салон не е воопшто многу.