Јас само кажав дека доколку јас си го купев маслото и филтерот истото ова би ме чинело 3000д. сосе промена.Истото масло може да си го купам само што филтерот ќе биде од друга марка нема да биде оргиналот.
Иначе оваа цена е со некој попуст.Симо е во право само не знам колку е тој попуст.Па таман работа да не ми дадат попуст,оваа година пазарив 2 возила од кај нив.
Искрено незнам какви се цените во другите овластени сервиси,ама мислам дека кога колат треба со исаф да колат како би имале повеќе работа и по истекот на гаранцијата на возилата купени од кај нив.
Јас искрено би се нафатил да платам нешто поскапо,да не е претерано само да ја носам во овластен сервис каде што имам гаранција на вградените делови.
За исти (сличен) сервисен интервал од 15.000 км кај мојот РАВ4 ме чини околу 5000 денари во Тојота. 700 денари литар масло (Тојота ОЕМ, фул синтетик), 1000 денари работна рака по час, филтер за масло...
Во принцип, океј е цената но е малку висока. Рено се познати по скапиот сервис (иако работна рака кај Тојота е дупло поскапа) а и деловите гледам се скоро исти. Е сега не е иста категорија на возило, па нема смисла сервисот да е исти нели?
Ако ништо друго, филтрите за полен, воздух менувај си ги сам и порачувај ги оригиналите од интернет, поефтино ќе те фати...