Се ближи пролет и полека треба да се потсредуваат лузните од зимава. Сега идеме на предница.
Дилемата со која се соочувам е кои се компонентите во предницата кај мојата кола, Alfa 145 1.4 Boxer, 96 година.
Читајќи по упатствата и форумиве, се спомињаат само предни вилушки (wishbones) и стабилизатори (stabilizer bar - wishbone connection rod):
Арно ама, никаде не се прикажани ни именувани овие две шипки споени во нешто налик јабучица.
Точната позиција на спојот е непосредно пред амортизерот:
Помош од вас ми треба за кои се називите на двете шипки на англиски и македонски.
Ќе се менуваат сите делови кои содрзат гумени спојки, па воедно ќе ве замолам да ме упатите кај можам да набавам оригинални или квалитетни заменски делови за предница.