Мојата сага со Леновото Г580 продолжува,откако матичната рикна после 8-9 месеци и сменета во гарантен рок,пак после некој месец рикната тастатура,овие денови имам нова авантура леновото.
Пред недела две сакав да режам ДВД диск,но успеав да уништам околу 20 дискови од различни брендови (СОНИ,ПРИНКО...).
Пратен лаптопот на сервис со проблем со шарката(hinge) на мониторот и со проблем со ДВД режачот и истиот вратен со средена шарка но проблемот со режење на ДВДа не одстранет.
Проблемот е тоа што при режење на ДВД цд со НЕРО му јавува invalid block adress,пробано да снимам ДВД односно режам без никаков софтвер но неуспешно,само го зарежува дискот(уништива) и тука завршува на некои си 3-4%.
Од овластениот сервис ИНЕТ ме убедуваат дека со ДВД ромот нема никаков проблем,дека тие го тестирале и се било супер.
Лаптопот е форматиран денес,но успеав да уништам уште 10 дискови и никако да си направам копија од свадбата
.
Па ако некој се сретнал со сличен проблем ако може да помогне некако,или да фрлам 25 еура за нов ДВД ром.