Леле колку пати е објаснувано... Малце се буниме околу фолииве да... Најубаво пред да лепиш фолии, прво измери ги стаклата и види колку се од фабрика за да знаеш колку да идеш напред, не е на сите коли исто. Еве кај мене се 17%.
Предните смеат да бидат затемнети 30%. Што значи тоа? Значи дека кога ќе ги измери треба да имаат пропустливост на светлина од 70%, за 3-5% не прават проблем, ако е на пример 65 пошто рачунаат прашина, гребнатинка некоја по стакло и слично. Аама ако пропустливоста е многу под 70 е тогаш можеш да го јадеш. За задните не се замарајте, тие поминуваат колку и да се затемнети. Бев доле кога мереа видов како и што е работава со апаратчето за мерење.
Што се однесува до атестот, без разлика како ќе пишат во сообраќајната, и да ги пишат сите стакла пак не си исправен и пак ќе го јадеш ако недај боже те однесат на технички! Значи, доколку не сте исправни, не се замарајте како ќе пишат во сообраќајна бидејќи исто ви се фаќа.
Доколку сте законски и отидете така на атест, напред со 30 затемнето онда ви запишуваат и предни и задни и проценти наведуваат и се тоа и немате гајле понатаму.