Автор Тема: Проблем со рамено кај Алфа Ромео 2.4 jtd  (Прочитано 3725 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Проблем со рамено кај Алфа Ромео 2.4 jtd
« Одговори #15 на: 07 Март 2012, 17:24:04 pm »
@mecheto, има кинески делови за предница, а бе за к*р не ги бива! Изглеа не вози многу, па само два пати годишно сменил. :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Проблем со рамено кај Алфа Ромео 2.4 jtd
« Одговори #16 на: 07 Март 2012, 17:26:29 pm »
Па ете нека каже Memоry,какви рамена ставил пријателот,на колку изминати км,по каков пат се возела Алфата да знаеме,ако ставил поквалитетни значи е нешто друго,ако ставил чкарт нека стави оригинал па ке кажи дали е до деловите или нешто друго...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен memory

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 41
Одг: Проблем со рамено кај Алфа Ромео 2.4 jtd
« Одговори #17 на: 07 Март 2012, 17:38:29 pm »
Значи веќе кажав дека деловите не се оригинал, а какви се не знам. Инаку колата е возена околу 10 месеци и за тој период има поминато околу 10 000 км. Купена е со 160 000 км. Најмногу се на отворен пат, во странство, но исто така е возена и во град ама помалку. Сега треба да се провери дали е пак раменото. Првото беше рекламирано, а сега и второто е за менување. 

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Проблем со рамено кај Алфа Ромео 2.4 jtd
« Одговори #18 на: 08 Март 2012, 09:32:19 am »
Значи мене не ми е јасно дали се работи за долната виљушка или тие другите делови.

Какви проблеми јавува? Тропање, цвичење на гума ....

Долните виљушки кај Алфа 156/147/ГТ се ИСТИ исто како и горните и стабилизаторите, осносно се работи за исто подвозје. Фабричките како и поквалитетните заменски делови траат многу долго, обично почесто откажуваат горните виљушки поради лошата изведба.
Ако се земе како најголемо сомнение во квалитетот на долната виљушка,  твојот другар/комшија/што и да е, слуша тропање (звук на метал) тогаш највероватно е полупана јабучицата на истата ИЛИ стабилизаторите (ефтини се без гајле) Кога се менува предница (колку што сум слушнал, нека ме корегираат поискусните) новиот дел си ја врши својата работа но апсорпциите од ударите сега се префрлуваат на поистрошените делови од подвозјето, па така може да е  таков случај, да откако е сменета долната виљушка нешто друго попуштило.

И ќе заборавев, 2,4 ЈТД е голем мотор, тежок, и тоа си игра улога.

Горните виљушки, обично ако чкрипат, се препознаваат по тоа што звукот доаѓа од позади шал-таблата.

Совет за делови, секако најдобро е ТРW тоа е англиска компанија којашто ги прави деловите за Алфа за подвозје, но и најскапи кај нас. Нашите „дилери“ ги продаваат по цена од ~100 евра додека во Англија се околу 60 евра со данок (зборам за горните виљушки, како пример).
После нив добра замена претпоставувам се Birth гледајки по увозникот тие се Made in Italy.
И секако најбалканска работа е да ги репарираш најефтино, и да не си задоволен ќе знаеш дека не те удриле по џебот. Најлошо е да преплатиш некој дел а потоа да не го добиеш тоа што го очекуваш. Има многу фалсификувана роба, и најдобро е да се оди кај дирекниот увозник.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Проблем со рамено кај Алфа Ромео 2.4 jtd
« Одговори #19 на: 08 Март 2012, 11:12:15 am »
Се` е точно. посебно ова, што многу луѓе го забораваат
Цитат
Кога се менува предница (колку што сум слушнал, нека ме корегираат поискусните) новиот дел си ја врши својата работа но апсорпциите од ударите сега се префрлуваат на поистрошените делови од подвозјето, па така може да е  таков случај, да откако е сменета долната виљушка нешто друго попуштило.
па викаат „тиии, завчера виљушки, вчера спони, денес чаури.... ебати алфата“ ;D


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Проблем со рамено кај Алфа Ромео 2.4 jtd
« Одговори #20 на: 08 Март 2012, 11:27:42 am »
Кога прајме муабет за предница прво треба да знаеме дека е комплицирана работа и дека и тука си имаат мајсторите своја цака.

Се знае што треба: Мењаш све што е оштетено, кога ќе смениш идеш ја центрираш предницата , само така ќе биде се во ред, се друго е турли тава.

И ако маваш секој ден во дупки без осет и бандажите ќе ги преполовиш а не виљушка.  
« Последно менување: 08 Март 2012, 11:51:46 am chlink »

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Проблем со рамено кај Алфа Ромео 2.4 jtd
« Одговори #21 на: 08 Март 2012, 11:43:11 am »
А да не збориме, колку комплицирана предница имаат горенаведените модели на Алфа, не е за на секој да му се даде. За резерва треба да се има принтано How to ...  ;D ;)
Инаку еве добар линк за такви работи

https://sites.google.com/site/alfaromeo156wishbonelower/

Има и други упатства


Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Проблем со рамено кај Алфа Ромео 2.4 jtd
« Одговори #22 на: 08 Март 2012, 11:44:57 am »

И ако мавашсекој ден во дупки без осет и дундите ќе ги преполовиш а не виљушка. 

Мала измена Члинк, морав, посилно беше од мене ;D ;D ;D

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Проблем со рамено кај Алфа Ромео 2.4 jtd
« Одговори #23 на: 08 Март 2012, 11:51:01 am »
:D :D :D

Колку букви утнав и сам не сум свесен :D