Прво побарај по отпади и по тие што растураат Пежо и Цитроен дали ке најдеш бандажи со 3 дупки.
Ако не најдеш најдобро би било со адаптери од 3x98 (тоа е растојанието сегашно мислам) на 4 или 5 штрафови зависи каков бандаж ке одбериш.
Тоа ти е поефтина варијанта, а истовремено адаптерите ти се и дистанцери
Варијантата да го преправиш да биде со 4 штрафа можеби е лесна, но колку е и исплатлива ?
Провери кои се потребни делови и колку коштаат (дискови, добоши итн...), покрај тие што ке ги замениш и стандардните-сегашните бандажи нема да ти бркаат работа... Тука убава зделка би можел да направиш, ако најдеш отпад или некој со делови да ти ги прифати старите делови со 3 дупки заедно со бандажите и да ти даде со 4 дупки со некоја си доплата.