Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1476545 пати)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11742
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8730 на: 15 Февруари 2023, 09:11:52 am »

Ех, веќе еден месец ми излегуваат, ама македонија тие се, сега на турција и србија ми се проширија рекламите.  ;D

И јас сакам нешто слично во спалната  да изведам со вакви панели. Најефино што ми имаат излезено е 750 ден. парче 290 висина со 18 ширина. Барем да имаше некоја поширока варијанта…

——

Дали некој знае каде се продаваат плочки од КАИ Бугарија?
Конкретно ми трена Каи Borneo Almond моделот.
Ги имам такви на терасите и на надворешните скали, скалите се лом и сакам да ги прередам.
По google најдов Фригошоб и Дака ама ги немаат…

Нема. Стара плочка.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11742
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8731 на: 15 Февруари 2023, 09:12:46 am »
Jaс пак си велев нема да се нафатат на кантирање 17 парчиња.  :-X
Ама од друга страна се собираат метрата на цена...

Не ми се верува ова дека  е кантирано.
Само ижлебана е иверицата, за да личи како ламперија.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6448
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8732 на: 15 Февруари 2023, 09:27:47 am »
Тешко тоа, жлебење само медијапан пошто можи да се фарба и е рамна/густа тексурата, иверицата мора кантирање, грда е сурова и со празнини.

Моја претпоставка кантирани парчиња, заштрафени/залепени зад лесонит со сличен дизајн ама најверојатно е повторно иверица зад нив, ќе кажи газадата.  :)

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8733 на: 15 Февруари 2023, 11:32:43 am »
Да да од него е ова изработено. Не е дрво, туку иверица шо личи на дрво.

Никола Стојковски од Долно Оризари? 🤔

Едит: Тој е најдов кај него, пријателче ми е баш ке го контактирам…

https://www.facebook.com/profile.php?id=100089330125060&mibextid=LQQJ4d
« Последно менување: 15 Февруари 2023, 11:47:55 am Rakun4e »

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8734 на: 15 Февруари 2023, 11:36:18 am »
Да да од него е ова изработено. Не е дрво, туку иверица шо личи на дрво.

Никола Стојковски од Долно Оризари? 🤔

Не. Ѓорѓески е тој.
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8735 на: 15 Февруари 2023, 13:38:14 pm »
Тешко тоа, жлебење само медијапан пошто можи да се фарба и е рамна/густа тексурата, иверицата мора кантирање, грда е сурова и со празнини.

Моја претпоставка кантирани парчиња, заштрафени/залепени зад лесонит со сличен дизајн ама најверојатно е повторно иверица зад нив, ќе кажи газадата.  :)
Кантирани се парчината и се заштрафени на табли иверица. Од 3 дела му е составено ни спој ни штраф се познава негде. Препорака од мене има, сегде го фалам.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11742
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8736 на: 15 Февруари 2023, 15:26:42 pm »
Многу работа за иверица.
Барем фурнир да беше.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8737 на: 15 Февруари 2023, 15:49:30 pm »
 да беше... ама па и цената ќе беше пута 2 најмалку.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8738 на: 19 Февруари 2023, 08:10:00 am »
Работата е што зимава имавме 100% влажност на над 10 степени кои од друга страна не можеа да потикнат поинтензивна работа на грејните тела па со тоа проработеа мостовите по ѕидовите.

Иста приказна и кај мене, со години немав мувли, оваа година растурија, ем ради загревање 7 простории со 2 клими.
Во меѓувреме измачкав трпезаријата со Термостоп (ќе видиме во иднина), во спална се спремав да тртнам уште една клима, но се одлучив за изолација, навечер наместив на тајмер да пичи парно дур евтина струја па така ѕидот и подот во близина на радијаторите акумулираат од топлината, па и надворешниот воздух е посув од пред неколку недели и како резултат на сето ова нема нова појава на мувла.
Инаку сега за сега успевам да не влезам во 4 блок :)

Со Термостоп планирам да ги измачкам сите ѕидови, не ради друго, белата боја е бела каква што сакам, топла, А не како лед сијалица од оние модрите :)
Кречеше со термостоп? Или премачка па после одозгора кречеше? Колку слоја? Или како боја го искористи?

Се мислам на неколку надворешни ѕидови да ги поминам, да ги решам, при следно кречење.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8739 на: 19 Февруари 2023, 09:10:40 am »

Не кречев врз термостопот, самиот си е во бела боја, и тоа нијанса која повеќе ми се допаѓа од Бекамент.

Нанесов 3 слоја како што е наведено во упатството, можеби слојот е потенок бидејки употребив 3кг на нешто над 4 квадрати ѕид. Ќе го поминам уште една рака кога ќе ги работам и останатите надворешни ѕидови.
Инаку, уште при првиот слој се осети разлика, на допир делува дека е потопол и од внатрешните ѕидови.

Првите 2 раце го разредив прилично бидејки ми стоеше густо, дури со третата се охрабрив кога и ја дотрошив количината, така да реално 1кг на квадрат.
« Последно менување: 19 Февруари 2023, 09:22:11 am Mikius »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8740 на: 20 Февруари 2023, 18:56:30 pm »

Нема прави ковачи веќе,  барем нема во Битола едно 20 години. Се се тоа приучени лимари за ќумбиња за ајвар и вака по некоја сеќира готова да склепаат.
Потврдувам и за Скопје, нема кој да ти искали секира. Ги острат со брусилка (ако си глуп да ги оставиш), ко да немам дома брусилка.

Ај за острење ќе се снајдеш не е некоја филозофија само си бара време и стрпливост, ама ако ти затреба калење...

Кај може у Скопје да однесам секира да ја средат дршката да не испаѓа сечивото и да ја наострат?
Ако начекаш некој добар стар ковач, да кажеш. И мене ми кажаа да барам во чаршија/битпазар ама не најдов тоа што барав.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4999
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8741 на: 20 Февруари 2023, 19:07:32 pm »
Imase dobri kovaci vo Radovis. moze @riki_staff znae

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8742 на: 28 Февруари 2023, 17:05:12 pm »
Клабери
Каде се продаваат делови за плин, црева, колена, спојки и сл?

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8743 на: 28 Февруари 2023, 17:45:07 pm »
Клабери
Каде се продаваат делови за плин, црева, колена, спојки и сл?

Битпазар кај вецињата, односно позади вецињата е. (Прашај сите го знаат, има се за плин и плински уреди.)
Втор човек, спроти судовите, кај сајмиште. Поточно, до ќенан-мајсторот за ровер/мини, има една перална, позади неа е човекот.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8744 на: 07 Март 2023, 15:22:00 pm »
Голдирен Фирма - се за метални конструкции

http://goldiren.mk/
Никако не можам да ги добијам, работат сеуште?

Sent from my SM-S908B using Tapatalk