Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 2957851 пати)

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18258
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #15315 на: 05 Октомври 2026, 11:46:37 am »
Скинато е ова, или барем доволно омекнат држач за да го раскине тој дел.
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7487
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #15316 на: 05 Октомври 2026, 11:55:08 am »
По мое, дали е пукнато или ќе биди дупка ништо не менува, главните гумици шо го држат централниот дел се подебели и се од страните, и горе-долу да не чука на метал, од сликата, а да има амортизација/движење.
Калапот таков им е, тој слој гума не држи скоро ништо.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15362
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #15317 на: 05 Октомври 2026, 11:59:00 am »
Засек кој заради вибрации ќе премине во кинење за рок од две недели :) Го имам јадено еднаш лично.  Не смее да има никакви засеци, пукнатини и слични глупости.

Отсутен Filip MK

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3008
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #15318 на: 05 Октомври 2026, 12:01:31 pm »
Кај некои модели на држачи воопшто ја нема таа тенка мембрана, сакам да кажам нема функција освен да штити можеби од прашина.

Инаку ова е Febi Bilstein долен држач за мотор (рекет), ставен пред 4 месеци во овластен Фиат сервис Илија. Не знаев дека оваа марка ќе ми стави, иако е наплатено како оригинален дел. Во Куманово сакав да ми го сменат за оригинален, што е направено (со Мопар мислам) ама имало друг поголем проблем што ги причинувал вибрациите, а тоа е набиен ауспух некаде пред моторот.

Корегирано е колку што е можно, плус со нов држач, нема вибрации како што имаше. Решивме да не отвараме работа со сечење на ауспух, монтирање, спојување, варење.
Своерачен потпис ;)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15362
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #15319 на: 05 Октомври 2026, 12:05:54 pm »


Машко ти не зезаш нас :D ова е уствари вишок материјал кај тебе.

Отсутен Filip MK

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3008
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #15320 на: 05 Октомври 2026, 12:15:39 pm »
Хаха, ќути и јас сега пред малку дознав  :)
Своерачен потпис ;)

Отсутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3049
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #15321 на: 05 Октомври 2026, 12:45:27 pm »
На лошо место е сликано, ваљда гумена патосница.
Прво ми се виде дека пукнатото е од патосницата...

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8452
  • Плинаш!!!
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #15322 на: 05 Октомври 2026, 13:22:38 pm »
Истото ќе кажев. И на меривата долниот држач е сличен. И јас мислев дека е скинат и е за менување иако немав никакви симптоми. Кога ја однесов кај мајсторот, ме направи луд, пола саат се убедувавме, јас тврдев скинат е он дека не е. На крај ми го најде на нет за да ми докаже дека така е фабрички.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Отсутен Filip MK

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3008
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #15323 на: 15 Октомври 2026, 15:02:02 pm »
Продолжуваме со потрагата за кола, мора да се најде нешто саглам за дедо  :). Мислење за опеловиот мотор 1,4 со 74 KW (101 KS), се работи за Корса. Ова е некоја понова верзија на моторот, знаев за 1,2 со 80 кс и 1,4 со 90 кс, колата е 2013, благодарам
Своерачен потпис ;)

Присутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7154
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #15324 на: 15 Октомври 2026, 15:27:27 pm »
Во глобала океј мотор, не очекувај нешто wow, страда затегачот на ланецот многу брзо.

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18258
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #15325 на: 15 Октомври 2026, 16:39:25 pm »
Продолжуваме со потрагата за кола, мора да се најде нешто саглам за дедо  :). Мислење за опеловиот мотор 1,4 со 74 KW (101 KS), се работи за Корса. Ова е некоја понова верзија на моторот, знаев за 1,2 со 80 кс и 1,4 со 90 кс, колата е 2013, благодарам

Од Опел половен ко од чума и ко од бивша се бега.
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Отсутен Opel_AstraHGTC

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #15326 на: 17 Октомври 2026, 21:19:45 pm »
Ве молам за совет,

Ја однесов колата да сменат средишен долен држач на мотор и летва. Ми ставија половни делови, мегутоа од кога ја земав ми рекоа дека и левиот држач ми бил скршен. Проблемот е што од кога ја земав колата на палење во лер и при поагање ми тресе ненормално, воланот во место уште потешко се врти од претходно. Сеуште не е центрирана, по центрирање ми рекоа да ја донесам и да го сменат и тој држач. Не можам да разберам зошто ми е во полоша состојба од претходно.. Ако некој може да ме советува или да ми објасни. Бидејќи при прашање зошто е тоа така, добив одговор не јас ја пробав не вртеше тешко… Се работи за Opel Astra H Gtc. Дали се грижам без потребно или стварно не го завршиле сервисот како што треба?

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7487
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #15327 на: 17 Октомври 2026, 21:26:07 pm »
Па половни делови си ставил, како можи да биди поарно.