Автор Тема: VW Golf 6 Rabbit 1.6TDI(105) VS Renault Megane Berlina GT 1.5dci(105KS)  (Прочитано 21445 пати)

Отсутен MeanMachine

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 39
Здраво на сите,
веќе неколку недели го читам форумот и навистина сум изненаден од feedback-от на членовите во него,секоја чест.
Значи маката е следната :D
Разликата меѓу двата модели е само 400 евра(Megane-от е поскап заради 17"Al и ESP).
Денес бев со жена ми на тест на горенаведениот Golf(нормално без Rabbit додатна опрема). Вика батали се друго :D  ,ова е кола. Мислам јас ја возев  ;D
И јас самиот сум повеќе за тој модел-закон,повлекува ненормално 250Nm на 1500rpm. Но со мене беше еден од најблиските другари кој е тежок "французин" кој сака да вози само Renault,но и поседува Megane. Не велам дека тој греши, Megane-от е повеќе од солиден,но само едно нешто ме мачи,а то е секако повратната вредност на возилото,пример за 10 години период. Ве молам напишете некое мислење, сакам да прочитам некој што имал искуство со еден од двата модели,значи повратна вредност и мотор. Пошто ова ќе ми биди прва кола што ја купвам,а отсекогаш сум мислел дека VW се репер за квалитет по кој се водат другите фирми.
Фала за feedback-от.


Поздрав

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: VW Golf 6 Rabbit 1.6TDI(105) VS Renault Megane Berlina GT 1.5dci(105KS)
« Одговори #1 на: 03 Март 2012, 21:11:15 pm »
Не знам зошто прашуваш кога веќе си го знаеш одговорот што ќе го добиеш :) Но ја би ти рекол следново, не дека имам Меган 2 ама ја пак би одел на Меганот бидејќи тој со 105 књски сили е повеќе од одличен мотор и веќе докажан кој се става и во некои модели на Нисан и се доста економичен. Е сеа ако мислиш да ја продаваш колата за брзо време (7-10 год) тогаш цели на голфот. Завршната обработка на Меганот е светлосни години понапред од претходниот модел што е за пофалба и барем јас имав чуство ко да се возам во класа повеќе. И плус 400 евра се ништо за ЕСП кое игра важна улога во безбедноста...

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Одг: VW Golf 6 Rabbit 1.6TDI(105) VS Renault Megane Berlina GT 1.5dci(105KS)
« Одговори #2 на: 03 Март 2012, 21:12:50 pm »
VW си е VW нема што муабет да се праи тука :D

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: VW Golf 6 Rabbit 1.6TDI(105) VS Renault Megane Berlina GT 1.5dci(105KS)
« Одговори #3 на: 03 Март 2012, 21:15:47 pm »
Ич не прашувај...... сите ке ти кажат што е подобро. А ти што ти прави ќејф тоа вози си.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: VW Golf 6 Rabbit 1.6TDI(105) VS Renault Megane Berlina GT 1.5dci(105KS)
« Одговори #4 на: 03 Март 2012, 21:16:53 pm »
Јас би идел на Голф, али немам некое конкретно искуство со двата конкретни модели :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14288
  • Пудингот на шоферството
Одг: VW Golf 6 Rabbit 1.6TDI(105) VS Renault Megane Berlina GT 1.5dci(105KS)
« Одговори #5 на: 04 Март 2012, 00:31:51 am »
Ако тие за вредноста купи си нива па за 10-тина години и ќар ке направиш  :D :D :D ;D
Купи си тоа што тебе ти одговара,кога веќе си ги возел мислам дека можиш да направиш разлика,а очекуван одговор е да купиш Гољф :)
ЈАс би одел на Рено,т.е Меган :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: VW Golf 6 Rabbit 1.6TDI(105) VS Renault Megane Berlina GT 1.5dci(105KS)
« Одговори #6 на: 04 Март 2012, 00:51:14 am »
Јас би идел на голфот, не дека меганот е лош туку едноставно не ми е легнат мене одкога испадна. Е сега ако возиш доста на отворено и сакаш да побрзаш напати ЕСП то знае да биде од голема помош па стави го и тоа во игра, знае да спаси многу.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Driver

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 371
Одг: VW Golf 6 Rabbit 1.6TDI(105) VS Renault Megane Berlina GT 1.5dci(105KS)
« Одговори #7 на: 04 Март 2012, 03:53:14 am »
VW си е VW нема што муабет да се праи тука :D

Ма немој. Што е толку VW? Според мене преценета кола

Отсутен MeanMachine

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 39
Одг: VW Golf 6 Rabbit 1.6TDI(105) VS Renault Megane Berlina GT 1.5dci(105KS)
« Одговори #8 на: 04 Март 2012, 10:07:47 am »
Јас би идел на голфот, не дека меганот е лош туку едноставно не ми е легнат мене одкога испадна. Е сега ако возиш доста на отворено и сакаш да побрзаш напати ЕСП то знае да биде од голема помош па стави го и тоа во игра, знае да спаси многу.
Возењето е повеќе низ град, некој викенд и нормално ко ќе се оди надвор од државата на одмор/стандард

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: VW Golf 6 Rabbit 1.6TDI(105) VS Renault Megane Berlina GT 1.5dci(105KS)
« Одговори #9 на: 04 Март 2012, 10:19:01 am »
Реалноста е дека нема да згрешиш, што и да земеш. И Меганот и Голфот се одлични возила, и на крајот ќе се сведе на тоа кое возило повеќе ти прави мерак.

Мене лично, Меганот не ми е визуелно привлечен, особено хечбекот, па затоа не го ни земав во предвид пред два месеца кога купував кола. Но сум го возел (и тоа доста) и знам дека е сосема добро возило. Реално е дека Меганот е зад Голфот кога станува збор за fit & finish на материјали во внатрешноста. Голфот има едноставно неспоредливо подобар ентериер. Јас возам Голф веќе 2 месеци, и во ниеден момент не сум помислил дека сум направил погрешен избор.

Кога (ако) ќе ја продаваш колата за 10 години, Голфот ќе има поголема вредност. Како што некој кажа на форумов, Голф Дизел = Недвижнина. Секогаш ќе има подобра цена од конкуренцијата.

@Driver: Преценета кола? Во ред. :)

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1310
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: VW Golf 6 Rabbit 1.6TDI(105) VS Renault Megane Berlina GT 1.5dci(105KS)
« Одговори #10 на: 04 Март 2012, 11:20:13 am »
Како у рекламата, зошто да возам нешто како голф кога можам да возам голф :)
Голф воопшто не е преценето возило, секогаш бил поскап од сите останати, ама секогаш бил и единица мерка во класата. Далеку од фактот дека меганот не е добар, далеку и од тоа дека голфот е совршен. Мислам дека тест возење 24 саата многу јасно ке ти ја искристализира ситуацијата и ќе си го купиш она што ти лежи.

Инаку и една друга работа е многу важна, а тоа ти је поддршката после. Севисите на двете куќи се разлика ко бог и шеширџија.  Не дека порше не грешат, ама овие у рено се циркузанти и тоа скупи. Недајбоже да затреба некој озбилен дел, ќе го чекаш барем месец, додека у порше, тука е за 2 дена.

Иначе за вредноста, ич не му мисли, сеа ја купуваш и ќе ја возиш, па немој од старт да мислиш за продавање.

Ако се одлучиш за голфот, тука настанува еден друг проблем. Ако понатаму купуваш друга кола во истата класа, нема да сакаш да видиш ништо друго :)

ПС. Барај им теписонски патосници во цената, гумените и така идат гратис :)

Имаш спецификација што иде у Rabbit ? Ако ја имаш понудата у дигитална форма, дај еден copy/paste.

Инаку, да, јас возам Голф 6 TSI, понекогаш ( на жена ми е ).  Голем картинг, со прекрасно лежење и амортизација. Гледаш дека и жена ти се заљубила на прв поглед :)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: VW Golf 6 Rabbit 1.6TDI(105) VS Renault Megane Berlina GT 1.5dci(105KS)
« Одговори #11 на: 04 Март 2012, 11:25:49 am »
Најубаво е да си купиш тоа што прави тебе мерак.  А тоа што ќе биди поевтино по 10 год, вооптшо да не те замара. Ти нема да лежиш 10год, ќе си заработиш пари и ќе си купиш тогаш друга кола.

Друга работа е во врска со моторите. Колку што читам овде по форумов овај 1.6 на фау ве, не е нешто нај нај. Нека кажат поискусни од мене.
А додека овај на Рено е фантазија од мотор. А и добро се надградува со ремап.

И на крај, голф е толку многу чест по улициве и го возат стално погрешни луѓе, што мене лично ми е скроз без везе. А меган Берлина + ГТ е тоа е реткост и појава.

Од мене глас за меганот.

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: VW Golf 6 Rabbit 1.6TDI(105) VS Renault Megane Berlina GT 1.5dci(105KS)
« Одговори #12 на: 04 Март 2012, 11:48:01 am »
Двете се одлични кола,која и да ја земеш нема да погрешиш,меѓутоа немој да купуваш кола мислејќи на тоа после неколку години,колку ќе ја продадеш..
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: VW Golf 6 Rabbit 1.6TDI(105) VS Renault Megane Berlina GT 1.5dci(105KS)
« Одговори #13 на: 04 Март 2012, 12:14:07 pm »
Што ти прави повеќе мерак тебе,тоа да си го земеш,али пак ја сум за голфот ;D
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен Azriel

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 695
Одг: VW Golf 6 Rabbit 1.6TDI(105) VS Renault Megane Berlina GT 1.5dci(105KS)
« Одговори #14 на: 04 Март 2012, 12:25:26 pm »
Осеќам на крај Голфот ќе го земеш, а од мене глас за Меганот. :)
Seat Leon 1.4 TSI