Организаторите на големата награда на Бахреин, трка со која на 13 март требаше да стаrтува новата сезона во Формула 1, одлучија да ја откажат премиерата поради нередите во Манама.

Во последните неколку дена на сите страни се зборуваше за откажувањето на трката во Бахреин, но сега оваа информација доби своја потврда.
-Верувам дека е потребно сите да се сконцентрираме на националните интереси. Приоритет на Бахреин е да го мине овој трагичен период, избегнувајќи ја поделбата на народот, со што ќе му го покажа на светот своето вистинско лице, стои во соопштението од принцот на Бахреин, Салман Бин Хамад Бин Иса Ал-Калиф.
Првиот човек на Ф-1 Еклстон веднаш потоа порача - На целата држава и посакувам се најдобро и брзо опоравување од овие немири и протести, вистинска штета е што Бахреин мораше да ја откаже стартната трка која се надевам ќе биде одржана во продолжението од сезоната. Се надевам дека брзо сите ние ќе се вратиме во Бахреин.