еве ви одговор зашто не не бива како држава... македонскиот народ е стадо од овци, и ако нема овчар, не знае каде да иде да си пасе трева... ке се појави НАЈ НЕСПОСОБНИОТ ОВЧАР кој ке мавта со сува слама и сите ке тргнат по него и ке го слушаат...
мене не ме тангира играње биљард, инаку ке организирав до сега... некој треба да се јави да праша и да напише:
тој и тој ден во толку и толку саат биљард таму итаму.. кој сака бујрум, а не вака 10 дена се прашувате дали ке идете, 20 души рекоа дека сакаат и никој од сите нив не се најде да дигне еден мочан телефон и да праша...
доколку мене ме прозва индиректно да се искажам..
доколку не, овој пост не го земај во предвид
значи јас сакав да изиграм билјард пошо од моиве другари никој не му се игра досадно му било а сум голем мераклија...
сеуште не се знам со никој од форумов и релативно сум млад член кој не му доликува да превземе поголема одговорност бидејќи сеуште не е уходан у форумов ...
воопшто не ми е проблем да се јавам да закажам... само кажи ми на што ќе личи да закажам и од толку што рекоа дека ќе дојдат само јас да отидев во договореното време?
не прозвав никого директно... не мислев на никого посебно, само си го кажав мислењето дека ние македонците сме хаотични во главата и уплашени како зајаци.. чекаме некој друг да ни ја заврши работата...
ке дадам уште еден пример во кој сигурен сум дека ке се пронајдат и личности од форумов:
еден куп пријатели, познаници, другари и луѓе знам што едвај чекаат да се исселат од државава... ама никој ништо ни со мало прсте не мрднал, а цело време само тоа зборат како ОДМА би иделе, само да им се укаже шанса.. е па братче бре, нема амбасадорот да дојде кај тебе дома да те праша дали сакаш виза или зелена карта...
истото е и со оној стариот муабет: ех да ми се падне 7-ца на лото... па како ке ти се падне ако не играш?
така и со ова.. 20 души изјавија дека би иделе на биљард а никој не се најде да закаже, иако беше сугериранодека треба... чинам гојдо во средата спомна дека може да закаже маса, зашто има близок контакт со сопственикот на клубот, само да се изјасните дали сакате или не... никој не му кажа да на човекот... ниеден...