Не ти е попрактично по обиколница да си бегаш дома?
Реално не, кој пат би го фатил за обиколница од бензинската раскрсницата авној/асном со бул. србија? Прво кај таа раскрсница денес беше затка невидена. После треба да излезеш, да извозиш до белимбегово, за да завртиш на надвожњакот кај Белви, и да се вратиш накај ѓорче по обиколница. Или да одиш низ сингелич и арачиново (или стајковци), што е бетер варијанта.
Обично накај работа одам по пластичарска, а се враќам од кај железничка, ману, илинденска. Најбрзи рути ми се во тие периоди кога патувам, проверено 1000-ци пати во овие 15+ години.
Денес беше невозможно од кај ману, па морав други алтер-рути да барам, а сите беа „змија да те апне или магаре да те бапне“. Како и да е, нема нервози, роадми у упаљач, нетфликс на телефон, телефон на држач на прозор и шперплоча на лева нога за куплунг.

Саат и 15-20 минути.
Интересна е?
Некако развлечено ми почна... Ама викендов ќе ѝ се сипам!
