Ај пријатно искуство од синоќа да споделам во темава.
На излез од Неготино ме застанува полиција. Млад тазе полицаец врти околу кола и од позади доаѓа до возачко стакло.
- Документи ве молам.
Повелете сообраќајна, момент за возачка дозвола. Ме гледа врзан каиш, децата во седишта врзани, возев близу 60 кај шо требаше макс 50 и пред да успеам да ја извадам возачката ми вика:
- Терај, со деца си.
Можеби згрешил според некои од вас или според некои протоколи но, чудо е колку јас се мотивирам да уште повеќе ги почитувам сообраќајните правила и законот после вакви средби со полиција.
Стално пуштаат возила кога ќе видат дека има мали деца позади.
И мене ми се случи истото пред некое време на плетвар. Подоцна беше и некоја магла имаше. Многу блиску стигнав до полицијата кога видов дека ми дава знак да застанам.
Отворам прозор, добровочер.
Тој свети со светло накај мене, свети позади, гледа бебе и ми вика.... бегај, бегај, бегај.....
Истово на шурата редовно му се случува.