Денес ме изнервира едно копито швицарско.
Во Хром на раскрсницата кај КАМ, одам од ѓорче према Реплек. Пред мене девојче во Корса, позади мене копито швицарско со мерцедес Е класа. Се пали зелено, девојчево тргнува и и гаси колата. Јас застанувам, она пали и трга веднаш во рок од две-три секунди. Копитово позади мене легнува на свирка и му текнува да не заобиколи двајцата, на среде раскрсница додека доаѓаат возила од спротива, оставајќи облак од дизел позади и присилувајќи ги од спротива да се тргаат на страна...
Па добро бе мајку му стара, правиш ли така во Швицарска а? Секако дека не правиш, копито копитосано.