Секако треба да се обележат, барем едно сијаличе да врзат 100 ден е ќе видиш дека има нешто на пат ќе припазиш. А и огледалата не се некоја онвестиција барем кај по прометните уличиња, ептен е непрегледно трактор да возиш, цела предница треба да ка изнесеш на улица за да водиш дали има коли....
Навистина не знам зашто до сега не започнала иницијатива за подигање на свеста за обележување на земјоделската механизација.
Не е тешко:
- Задолжително секој управувач со земјоделска механизација да носи флуоросцентен елек
- Задолжително секое земјоделско возило и приколка да се обележат со флуоросцента лента или боја соодветно на задниот и предниот дел. Макар тоа и да било испрскано со некој шаблон и спреј врз приколката.
Навечер и да не му работат сијаличките, штоповите кога ќе го осветли светло од фар, да дречи возилото и да биде видливо.

Па на толку бре субвенции и помош, може ресорното министерство за сообраќај или земјоделие да подели 20.000 лепенки, таблички, спрејови, елеци и да ми наметне на земјоделците и управувачите на возила да ги носат обележат.
21 век сме, луѓе гинат по патиштата од судар со трактори заради банални причини.
Па дури и со флуоросцентион спреј да се потпише на приколицата или клунот од тракторот нешто у стилот "Sинго Педер" да напише, навечер ќе му го спаси животот затоа што ќе биде обележан и ќе го видат.