Тие што живеат таму од времето - сва права, нека живеат. Ама не мора бре сите што ќе се доселат во Скопје да живеат во тие неколку населби. Ко да им е испод част да живеат во Ѓорче, Радишани, Волково, итн.
На Скопје му треба стратегија за долгорочно ширење. Простор има многу околу Скопје, тотално неискористен. Се радувам дека почнуваат да се гледаат алтернативи и да се размислува за живеење малку подалеку од Центар. Само тоа треба да продолжи и да се инвестира во инфраструктура (патишта, училишта, амбуланти, редовни автобуси, итн) за да можат да живеат луѓето малку подалеку, и на раат.
Нејсе, ова е верглан и верглан, и верглан муабет. Ама тоа е.
Голем дел од Ѓорче, Волково, Ново Село, Даме Груев (Геге) каде што има одлични услови за мирен живот без гужви и чад од ауспуси се без урбанистички план и не може да се гради. Конкретно и јас имам плац таму и не можам да градам поради тоа. И се префрла топката Општина-Град Скопје. Не им е приоритет да прават урбанистички затоа што цена на квадрат е многу помала од Центар-Карпош.
Населба Хром до пред 7 години немаше асфалтирани улици, по кал одевме. Ги средија поголемиот дел и сега растураат со градење мали зградички. Додека нема ќар општината, ќе си седи така неизградено 
Дечки јас живеам во Дебар маало, тука сум не од роџење, него од пред 15 години некако горе долу. Се сеќавам како беше и како е. Претходно живеев во Џорџ таун (Ѓорче) и можам да кажам дека пред 30 години беше супер за живеење, сега ми е за нигде и таму.
Пред 15 години Дебар маало беше фино место кај што би размислис да се преселам не претрупано а блиску до секаде башка паркот ми е на 500метри. на факс пешки, од град пешки абе супер..
Е сега од тогаш до денес работите се сменија премногу. Значи стварно е неподносливо за живеење, премногу згради се направија од кои повеќето немаат паркинг или па ги мрзи да се паркирааат во него. додај ја и нашата супер општа култура...
Порано на уличките околу Кино Карпош се разминувавме со коли двонасочно. Сега нема шанси
Тротоар немаш, луѓево со бебиња се очај.
разбирам пред многу време да си си сакал таму, ама сега јок бре. Значи ужас е невиден и последниве месеци активно гледам варијанти кај да избегам бидејки не ми е воопшто пријатно. За жал уште се гради и уште луѓе како луди плаќаат цени за станови таму.
Реално многу би живеел надвор од Скопје на пример Илинден ама населбата сеуште ми е село, не е воопшто урбана. За градинки, училишта и болници да не правиме муабет
Имам гледано и накај Соње, кое бај д веј нема вода за пиење него само техничка а сум бил и накај Сопиште.
Па таму еден јак снег да падне како зимава и сите се заглавени освен ако немаш Нисан Навара и го чистиш снегот.
Баш поради тоа што околните населби во Скопје се недоразвиени сите се пикаат во центар. Немој да мислите дека Аеродром или Капош се нешто подобри.
Ене го Аеродром почна да гради згради на секој чекор и тоа со по милион станови
како и да е центар е тотално не препорачливо место за живеење барем за мене и во лето и во зима