Но 10 години работам во Центар, од кои 5 во строг центар кај Палома Бјанка, 5 кај Црвен крст и не ни помислувам да живем во радиус од 5 км од местава... дури и да ми поклонат стан.
За жал, многу малку луѓе размислуваат вака. И затоа се гушат Центар, Кисела Вода, Дебар Маало и уште пар населби.
Тие што живеат таму од времето - сва права, нека живеат. Ама не мора бре сите што ќе се доселат во Скопје да живеат во тие неколку населби. Ко да им е испод част да живеат во Ѓорче, Радишани, Волково, итн.
На Скопје му треба стратегија за долгорочно ширење. Простор има многу околу Скопје, тотално неискористен. Се радувам дека почнуваат да се гледаат алтернативи и да се размислува за живеење малку подалеку од Центар. Само тоа треба да продолжи и да се инвестира во инфраструктура (патишта, училишта, амбуланти, редовни автобуси, итн) за да можат да живеат луѓето малку подалеку, и на раат.
Нејсе, ова е верглан и верглан, и верглан муабет. Ама тоа е.