Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 3295120 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13860 на: 10 Јануари 2017, 11:07:11 am »
Скраја да е. Имам предна и нови зимски и не се силам премногу. Но кватро би било она вистинското во зима.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6294
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13861 на: 10 Јануари 2017, 12:03:11 pm »
Леле денес како ми одат на нерви, душбегови со Ауди, летни гуми и предно влечење.
Каде им се сега All wise, almighty, all powerful, all smug Audi пајтоните? Не може од споредна уличка да се приклучи на главна, ама битно Ауди вози... со предно влечење (facepalm)
Има во Битола еден легендарен со бела А8ца, веќе 3та година со излижани летни гуми го вози, еднаш го видов  предмене на лукоил за 300ден плин си ставаше , и после како баба без апчиња за притисок шанта полека по снегот и редовно пред кладилница е паркиран...Ама битно аУди вози  :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22281
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13862 на: 10 Јануари 2017, 12:49:55 pm »
Чека да фати на спортска за да си купи нови..

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13863 на: 10 Јануари 2017, 12:54:26 pm »
Нека оди Демир Хисар, нека почека таму :)

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Леле денес како ми одат на нерви, душбегови со Ауди, летни гуми и предно влечење.
Каде им се сега All wise, almighty, all powerful, all smug Audi пајтоните? Не може од споредна уличка да се приклучи на главна, ама битно Ауди вози... со предно влечење (facepalm)
Има во Битола еден легендарен со бела А8ца, веќе 3та година со излижани летни гуми го вози, еднаш го видов  предмене на лукоил за 300ден плин си ставаше , и после како баба без апчиња за притисок шанта полека по снегот и редовно пред кладилница е паркиран...Ама битно аУди вози  :D
Сите а8 се кватро.

Sent from my Huawei P9

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13865 на: 11 Јануари 2017, 11:57:38 am »
Ахтунг, од првата генерација има А8 и само со предна влеча.

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13866 на: 11 Јануари 2017, 12:29:00 pm »
Толкава кола да се влече со предните тркала е смешно, не дека луѓето што ги купуваат тие коли знаат на кој погон им е колата или пак се заинтересирани за коли, за пред кладилница да се фалат дека од фатени пари им е колата.
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3466
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13867 на: 11 Јануари 2017, 19:43:25 pm »
Во вакво време сонувам за quattro Audi со 4 нови зимски.
Вчера со Ауди А6 2.5 тди allroad од 2005 со зимски гуми влечевме едно запечено Ауди А4ка со дупнати гуми не мрднато 3 години од место по мраз. А6кава не осети дека влече нешто позади... Феноменално!

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13868 на: 12 Јануари 2017, 01:14:04 am »
2.5 tdi 2005?

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2654
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13869 на: 12 Јануари 2017, 01:25:35 am »

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22281
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13870 на: 12 Јануари 2017, 10:29:22 am »
Сабајлево по мразовиве  еден плав Меган го сруши рекордот на Ауди во лепење до браник.
Имаше затемнети стакла за да не видам што мрсул го вози.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55240
  • Махер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13871 на: 12 Јануари 2017, 10:43:47 am »
Вчера на Словенија на полноќ возам 50-60 накај центар. Океј не се лизна ни ништо. Се е во ред. Зимски гуми, се како што треба.
На семафорот стојам.

Од позади надоаѓа југо со доста голема брзина, и забележувам дека предницата не му се навалува. Значи не кочи.
Јас ставам во прва и тргам 3-4 метри нанапред за да не ме перне.
На 2 метра позади неме наеднаш му се навалува предницата и кочи нагло.
Застана на 30цм од мене (откога веќе бев поместен напред неколку метри).

Еден фар му работи од напред.

Се пали зелено си тргам лево накај Палас по Качанички пат. Забрзувам до 50кмч. Се лепи позади мене. Одржувам 50кмч.
Ме претица на видно замрзнат пат и се оддалечува од мене.
Тоа и ми беше поентата, да ме помине и да крши глава. Ако се излизга во ендек бар да си се изнасмеам.
Позади не му работеше ниедно сијаличе. Ни позиција ни стоп светла. Мраз секаде -15 степени, штета што не се излизга.

Да земеш... да земеш...

Отсутен Johnny625

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 195
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13872 на: 12 Јануари 2017, 11:52:53 am »

Слична ситуацијa само со Застава Поли пикап. Идеше зад мене залепен му пуштам сите четири не бре една фаца телешка, мува него лази. И сега улицива од рамно преминува во не толку блага удолница која завршува со крстосница на која не може право само лево или десно. Подзабрзав малку и среќа немаше возила на кртосницата и веднаш десно свртев. Овој мавна на кочница се излизга до пола крстосница...да имаше возила и да застанев да чекам во мене ќе се удреше и тоа солидно.

Ја гледам заставата ни гуми саглам ни бутур, рѓа, скапано на неколку места, едноставно батал, запоставено, неодржувано возило, нема врска тоа што е застава. Веројатно ни регистрирана не беше. Е со такво ѓубре шо не вреди ни 200 евра ќе ти направи еден куп пари штета, нервози башка. Да не зборам шо може и некој пешак да собере.

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1572
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13873 на: 12 Јануари 2017, 13:29:25 pm »
Не е битно дали е југо,застава.. Битно е шо говедо го вози. Дали 20% возат како да е зимо , другите мислат дека е лето уште.
Пред 2 дена на враќање од Ск си направив 300 филма како некој се лизга или удара во други возила.  Страшно беше - патот замрзнат, неисчистен а по него поголемиот дел возачи ,Фраери, кои многу се брзаат.

Отсутен ford_mkd1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 90
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13874 на: 12 Јануари 2017, 17:04:01 pm »
Вчера на Словенија на полноќ возам 50-60 накај центар. Океј не се лизна ни ништо. Се е во ред. Зимски гуми, се како што треба.
На семафорот стојам.

Од позади надоаѓа југо со доста голема брзина, и забележувам дека предницата не му се навалува. Значи не кочи.
Јас ставам во прва и тргам 3-4 метри нанапред за да не ме перне.
На 2 метра позади неме наеднаш му се навалува предницата и кочи нагло.
Застана на 30цм од мене (откога веќе бев поместен напред неколку метри).

Еден фар му работи од напред.

Се пали зелено си тргам лево накај Палас по Качанички пат. Забрзувам до 50кмч. Се лепи позади мене. Одржувам 50кмч.
Ме претица на видно замрзнат пат и се оддалечува од мене.
Тоа и ми беше поентата, да ме помине и да крши глава. Ако се излизга во ендек бар да си се изнасмеам.
Позади не му работеше ниедно сијаличе. Ни позиција ни стоп светла. Мраз секаде -15 степени, штета што не се излизга.

Да земеш... да земеш...
на такви идиоти ја зимам му се лепам паралелно и давам знак да запре, он продолжува а ја по 5мин си викам боље што не запра после ќе треба да одговарам и плаќам за некој тотален идиот што ни ќе го научам нешто у животот ако му мавнам 2-3 заушки.. а може и јас да добија којзнае :)  ова ми се има десено бар 10 пати, а неколку ги имам бркано со кола. Сега се научив да бројам до 10.. си викам можеби човекот има причина да прави така :)