Стварно незнам која е потребата да се обнови цела улица, ако после тоа не ги дигнат шахтите на ниво на асвалтот ..
Потребата е глупирање пред избори.
Кај мене пола година раскрсницата е така..
Да, супер ја проширија, обновија со се цела споредна улица, очекувавме кружен тек и стискавме палци викавме браво, арно шо им текна.....се гушевме во прашини од багери и ваљаци ..паа едно 2 години сигурно...али ОК..битно да се праи нели?
Но, наместо кружен тек добивме семафори со најморонски сетинг каде одеднаш се пуштаат лентите за право и лево, без да се обрне внимание дека на главната улица зеленето светло треба да е подолго отколку на споредната.
Краен резултат после 2 години чекање:
- веќе пола година улицата стои асфалитарана под ниво на шахтите кои штрчат и ако не ги знаеш тешко тебе.
- бидејки делот кој е обновен е на значително пониско ниво се направи остар раб каде се спојуваат стариот и новиот асфалт .
- семафорите делуваат дека никој не се потрудил да га наштелува.
Поради наведените причини имаш редица на главната улица во должина од три автобуски станици, во двата правци и приморан си да одиш по споредните улици кои се лом, за да заштедиш на време....нешто што немораше ПРЕД да се реновира истава улица.
Потсетсте ме уште еднаш..што требаше да му сакам на Скопјево?