Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 2907829 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13365 на: 25 Август 2016, 14:11:55 pm »
Дистрибутериве насабајле биле тешки камикази, отварајте 4 очи. Ко сивоњи возат ...

добро утро... тој станал во 3-4 (или не легнал уопште) за да однесе леб, млеко, јогурт и остали подобности.. му се иде дома, му се плаче, зашто работел за ти кога ке станеш одсабајле да имаш тазе лебче и/или останати тазе ствари, на пример весник... среќа што нивната дистрибуција завршува околу 7 наутро, па ги нема во дебелите гужви... знам, пошто и јас работев дистрибуција со околу 50 различни продукти... возевме како ретардирани ноќно време, не зашто брзаме да испорачаме туку зашто брзавме да завршиме, а богами и ни се можело. да не ме разбере некој грешно, зборам за времиња од пред скоро па 20 години, сепак сообраќајот во тоа време беше помалку од пола од ова сега што се дешава...

инаку зборно место во 15 до 4 насабајле пред маалска фурна, тука од сите бранши дистрибутерите бевме на тазе извлечена од фурна симитка... и нека каже после дека не се знаат дистрибутерите ноќни меѓу себе, ама баш СИТЕ!! хехехе...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13366 на: 25 Август 2016, 14:26:44 pm »
зашто работел за ти кога ке станеш одсабајле да имаш тазе лебче и/или останати тазе ствари, на пример весник...

Ма неее, он работел за да земе пари и да утепа време, да не дреме по кладилници или да се дрогира и да си дојде дома.

возевме како ретардирани ноќно време, не зашто брзаме да испорачаме туку зашто брзавме да завршиме,

Exactly my point.

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве из
« Одговори #13367 на: 31 Август 2016, 21:21:32 pm »
Одамна не сум пишал на темава, али денес се уверив у некои мои убедувања уште еднаш.

Денес требаше да пренесам некои габаритни работи на едно место, во Уното не ми ги собираше најмногу заради плинската боца а и поради тоа што неќам да го товарам со прљави и габаритни ствари, можам да изгребам пластика некоја или да дупнам тапацир и сл. Го земав голфот (голф кец од 84та). Уште на прво искачање на булевар возам 70-80 во средна лента, аудиња, голфови 4 и 5, бемвиња ми се лепат на браник а лева лента им е слободна....
Покасно се престројувам во лева лента, пошто требаше да вртам лево. Пред мене има нисан џип кој вози цело време 40-50, во лева лента. Позади мене црн голф 5, исто ми се лепи (а ја на 7-10 метри позади џипот), половина браник од голфот се гледаше во ретровизор. Не ми блендираше ни ништо, само се престрои во средна лента за да ме претекне. Ок, го пуштив да ме претекне, па после и ја се престроив за да го поминам џипот. Овој со голфот гледа дека се престроив одма позади него и од 80тина км/ч успорува за да вози паралелно со џипот, за да не го поминам. Во десната лента беа паркирани коли па ни од таму не можев.
Пошто требаше да вртам лево а не можев да го поминам џипот ради клошарот со голфот, чекавме колона на зелен семафор за лево а позади мене доаѓа ауди и ми блендира да тргнам, а кога колоната пред мене стои во место.
Вртам лево, искачам на булеварот што иде накај тојота салонот, и само што тргнувам на семафорите кај Мида (а тргнав и возев брзо пошто у брзање бев), ме претекнуваат 2-3 сувови уште во раскрсницата. Ја возам 80-90 на тој булевар, и гледам уште еден со голф 5ка ме претицува возејќи цик-цак низ колите.

Колку што го возев уното овој период (5-6 месеци) не памтам да ми се понашале вака у сообраќај. А овој пат со голфот возев побрзо него ли што вообичаено возам со уното. Прво искачање после толку време со голфот на улица, одма сите се мангупи.  Море у пичку матер да се носат, и тие, и нивниот финансиски комплекс, и сељачкото возење и све друго што рефлектира педерлана.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13368 на: 31 Август 2016, 22:52:11 pm »
Зошто си ги поврзуваш работите со античко македонскиот голф?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13369 на: 31 Август 2016, 23:24:44 pm »
Демантирај ме прво па ќе ти објаснам.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1936
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13370 на: 01 Септември 2016, 00:26:14 am »
Па никој неќе да вози позади некој Гољф расчаден.   ;D

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13371 на: 01 Септември 2016, 09:43:46 am »
Има бе некој од Карпош 4 овде?
Последниве недели не ве буди секое утро во 5 локалниот религиозен пејач со прегласно и воедно многу лошо пеење?

Сериозно претеруваат. Ме будат и ненаспан одам на работа. А јас и воопшто не сум блиску до џамијата ама силината на пеењето е таква да којзнае на колку децибели ја рокаат... Јачината ја проценувам како тука до вас наеднаш да е гласно пуштен некој музички систем (со лоша музика). Едноставно се будите наеднаш од гласно и непријатно пеење. Затварање на прозори не помага многу (а ионака веќе ве разбудиле).

Јас немам ништо против слобода на практикување религија - но само до моментот кога тоа не му пречи на никој. Е со ова го малтретираат цело маало, не бива. Аман, како Мухамед во Мека да не пеел туку имал некој софистициран аудио систем од којзнае колку децибели.
И пред некој да почне да го споредува ова со црквените камбани, нека се сети дека тие ниту ѕвонат пред изгрејсонце, ниту имаат толку децибели јачина.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13372 на: 01 Септември 2016, 09:50:44 am »
Пријави во полиција.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13373 на: 01 Септември 2016, 09:54:58 am »
@Van

А тебе ти пречи пеењето во сообраќајот или?
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13374 на: 01 Септември 2016, 10:39:34 am »
^
Кога сум ненаспан и изнервиран полошо возам.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13375 на: 01 Септември 2016, 10:51:09 am »
ќе се навилмеш.... кај нас има секое маало пејачи.....

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13376 на: 01 Септември 2016, 10:58:45 am »
Пријави во полиција.

Петиција да се направела.  >:(
Двојни аршини, за некој не важат законите - пошто јас ако во ниедно време од ноќта рокнам Рејџ Агаинст Д’ Машин од тераса - експресно ќе ми се појават џандари на врата. Некогаш може да се спроведуваат законите за јавен ред и мир, некогаш не.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20803
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13377 на: 01 Септември 2016, 11:01:36 am »
Што би се рекло, ја откри Америка.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13378 на: 01 Септември 2016, 11:08:15 am »
^
Што ти би рекол - ајде да не зборуваме за проблемите и да се правиме дека ги нема?

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13379 на: 01 Септември 2016, 11:16:59 am »
Oрганизирајте се. Не може некој да го крши законот и да ве тероризира секојдневно. Премногу агресивна религија.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need