Пред мене споро вози едно старо возило во втора лента, прешалтувам и да се престројувам во прва лента кога ме затвараат не ни гледаат дека сум до нив, кочам и бегам на десно и цимнав на висок ивичњак.
Им свирнав не реагираат, ги престигнав и сакав да ги застанам кога гледам двајца пензионери кур ги боли си тераат муабет.
Во саботата полнев плин, утредента гледам капачето ми го нема, вријам, денес им појдов, ќе ги отерав во пичку матер сите за малку.
Капачето беше најдено 
На пат со 3 ленти во една насока возеше или ? Од десно претицуваше ??

Иако во темава немам пишано може 3-4 месеци, а и повеќе, со оглед на тоа дека возам секој ден во Скопје, имам издвоено неколку работи што скоро секогаш ме нервираат.
- Застанување во лева лента на пат со по две коловозни ленти во една насока, со четири жмигавци, и возачот упорно си чека некого... Или, кога се престројуваш во десна лента со намера да вртиш десно (а ти прописно, со жмигавец си се престроил), некој да ти уклучи 4 жмигавци и да се укопа пред тебе...
- Навлегување на автобусите на ЈСП и приватните превозници во средната лента на Партизанска, иако нивната десна лента е ЦЕЛОСНО слободна. Значи шоферот со 30-50 цм од автобусот вози во средната лента, иако од десната страна на автобусот до тротоарот има едно 1.5-2 метри слободни, и со тоа ме тера да кочам за да го пуштам автобусот пред мене или да се престројам во левата лента, или во краен случај да возам цело време под штрек со околу метар-метар ипол растојание од двете страни, при брзина од 60-70км/ч...
- Возачи со фраерски навики, кои кога ќе видат старо возило (југо, стокец, голф кец, лада и којаидаедругаколаодвреметонатито), значи одма, под аутоматизам се дрзнуваат да претицаат дали од десна или лева страна. Ако не им дадеш да те претекнат, одма легнуваат на ракетката за дугачко светло и/или на свирката. Без разлика дали колата која ја претицаат се движи со 40 или со 80км/ч во град.
Колку пати до сега ми се имало случено, да, „шоферишта“ со аудиња, СУВ возила и слично да ме претицаат и да се прават месии, кога јас возам со 70-80 км/ч, и тие одма после претицувањето, после 50-100 метри се исклучуваат од патот. Колку пати ме претицале неандерталци со најнови мерцедеси, бемвиња и незнамтијашто немачки аутомобили во зона на раскрсница, со тоа воведувајќи го мојот, нивниот а и животот на останатите во опасност ? Логично е да се мисли дека возачите на тие возила кои така ме претекнувале биле 20-25 години, ама не, според мојата проценка, повеќе од пола беа изнад 40-45 години.
- Шофери кои одма се шалтаат во послободната лента пред семафори во моментот на палење на зелено светло, кога ќе видат дека веќе има коли во лева и средна, или десна и средна лента, и се тоа бидејќи ги мрзи малку да ја притиснат педалата за кочница и/или да сменат брзина подоле.
Скоро секогаш, на семафорите на Митрополит Теодосиј Гологанов, во правец од Центар накај Ѓорче, пред да почне ископаната делница од булеварот, секогаш има коли кои упорно се бутаат во десна лента, и покасно, нагло кочат, свират и блендираат и пцујат све по ред затоа што не си ги пропуштил да ти се убацат пред тебе (кога булеварот се стеснува во една лента). Па што кур се прават фраери, да тицаат на полна линија во зона на раскрсница

Што да кажам за тие кои претицаат од десна страна на Партизанска ? Што да кажам кога ќе ти се убацат со камиказиски подвизи (со растојание од пола метар-метар помеѓу твојата и неговата кола, при движење) кога некој автобус или камион или некоја друга кола ќе застане пред нив во десната лента ? И уште кога ќе те погледнат така, како да си им опцул фамилија до 7мо колено уназад...