И? Што ако влезе на паркинг? Да чека до 5 саат сабајле кога ќе нема ниту едно возило (пошто според вас пак ќе треба да се трга на страна) па тогаш да продолжи да вози?
Што е по фер - камиончето да чека со саати СКРОЗ да се испразни качанички пат, или ти да се стрпиш минута-две?
Што ти изгледа на тебе по разумно?
Не знам што толку драма се направи околу вакви ситуаци... Многу е едноставно.. Ако возилото пред нас вози до толку споро да го "загрозува" сообраќајот, тоа значи дека неговото претекнување би било многу брзо, и дека не е воопшто проблем да се претекне (ако возилото вози 30 км/ч, тоа значи со било која нормална кола може да се претекне при првата можност што би се створила и тоа без многу драма).
Ако вози над 60 км/ч, тогаш и така вози нормално и тоа е тоа па претекни го кога можеш..
И сигурно има причина зашто вози полека.
Мене воопшто не ме нервира кога некој вози полека. Едноставно го претекнува и тоа е тоа..
Повеќе ме нервираат ситуации ко вчера што имав.. Возам 120 км/ч и претекнувам камион.. Позади мене се избацува некакво BMW, и почнува да ми блендира (да почнеше он да претектнува прв нема проблем.. Ама претекнувам веќе а он ми блиндира на пола претекнување), дури претекнувам..
Е таква сељачана ми иде.. Ама веројатно тоа BMW то му беше од Германија, од познат, и тоа од трет газда со само 300 000 км , па имаше потреба ваљда го покаже...