Мислам дека мешаш камион со кола. Законот треба да ги опфати двете. Не е важна минималната брзина. Обично за кола има место да се размине, а и лесно се претекнува. Затоа немора да застануваш. Но на преимер ако си камион со приколка и се пикнеш подесно во лентата, пак нема место за да те помине колоната што си ја направил позади тебе. Ем и да има да те помине, не е безбедно. Затоа камионџиите застануваат често на первои да ја пропуштат колоната, и цело време се пикаат десно за полесно да може да ги помине некој.
Со кола не е исто, зошто кола полесно се претекнува, и е многу пократка, и е многу потесна. И најважно од се во една лента обично собира две коли. Ако се тргнеш подесно во лентата ќе може да те поминат колите кои се позади тебе во колона.
Има две страни, многу точно. Се додека не правиш колона, нема проблем. Кога веќе други луѓе зависат од твоето споро возење (односно ги попречуваш во нивното движење) треба да ги пропуштиш.
Ти баш рече дека тоа и го правиш самиот. А и јас истото го правам.