Се разбира дека треба да се пропуштат побрзите возила, јас еве на тие позади и сигнал со жмигавец им давам кога е чисто за претекнување и за да покажам дека имам намера да успорам и да се поместам надесно колку што можам.
Вистинското прашање е дали треба да паркирам во нива (или паркинг ако налета) за да овозможам да ме претекнат. И повторно така исто потоа за секое едно возило што вози побрзо од мене?
Многу фино правиш. Кога би го правеле тоа сите многу полесно ќе беше движењето понашиве патишта.
Во нива налага само доколку неможат да те поминат на друг начин. Обично нема потреба со коли. Но, многу често (ако си приметил) камионџиите на стража застануваат секој два три километри да ги пропуштат колите кои се гомилаат позади нив. Обично ги поздравувам тие прекрасни возачи кои се обѕирни пред се, со свирнување. Редовно по еден камион застанува да те пушти на Стража или Пресека. Јасно дека некаде Јас сум дал, а некаде сум дал повеќе. Што значи пак остануваат 20% од (најчсето) локални камионџии, тракторџии и слични спори возила кои си возат без да им е гајле за колоната позади нив, која треба да ја пропуштат.
Општа пракса секаде на нормалните локации, ако ти даде знак тој позади тебе дека сака да те помине, треба да се тргнеш. И пракса и по закон. Не смеам да попречувам сообраќај и секогаш возам пристојно кога некој ме претекнува (се потргнувам, не додавам гас и не ги блокирам и слично)