Мене вчера вечерта ме изнервира еден од браќава, у голф двојка... Возам во Влае во правец накај Ѓорче, по улицата кај што иде 5ка. Пред мене возеше такси Лагуна, и одма после мостот овој со голфот му сече пат на таксито пред мене. И он и јас нагло забавување од 50-60 на 10тина км на час.
Тој со голфот стоеше на паркингот кај тинексот мислам, и не знам што мислел, ваљда не му се чекало да ги пропушти колите и мислел дека неговите дизелски полумртви коњи испод голфската хауба се доволни за да се лансира испред таксистата и за да сврти лево... И после кога виде дека не може да сврти лево од паркингот, застана на сред улица (а јас и таксистот скоро застанавме) и го почекавме да се врати назад во рикверц...
А јас го гледам така остро и со раката му покажувам у стилу „каде идеш бе“, и он со ококорени и црвени очи ме гледа и ми се смее. Дегеноид.