Синојка се враќам од Охрид, фина вожња онака за мерак - немаше гужва... Се возеше и 200 км/h на плин, за прв пат (мислам на плин)

Влегувам во Скопје и еден лудак (детиште) со Хонда Сивик ама иста како на Боки вози паралелно до мене, а возиме по пропис 60 на саат. Кога дојдовме до кружниот тек у Ѓорче, Хондава одлепи! Не ми се веруваше, давам гас - ни да и се приближам

Се заеба малиот на приклучокот на Партизанска, па го изиграв како собарица (јебига, искуството е најважно

) и го претицав, а он залепен верујте 20цм зад мене (на ретровизор не гледам кола-само шофершајбна

).
ОК, си викам, ја држам педалата за гас, а со лева нежно на кочница колку малку да го сецнам... Не бе брате, овој напален - НЕ КОЧИ! Хммм, ај не сум сам у кола, жена и две деца (едниот од брат ми), да не праам глупости давам десен жмигавец и се престројуем у средна лента, а он продужи право и сврте на семафорите лево накај Влае, ама видно нервозен
Јебига, прво респект за аутото, нема збор дека беше далеку побрз и постартен, ама има уште многу да лапа со годините

Ме изнервира само што ме доведе во опасност мене и семејството, па и материјалните добра со тоа што од пркос возеше малтене залепен за мојот заден браник и немаше намера да закочи иако го предупредив на некој начин...
Убаво рекол народот - попаметниот попушта
