од пред неколку дена осекав како ме подболува раната... денес во родниот град на мартин, имав мало неразбирање со стока неваспитана зад волан, кој заборавил (или баш му е гајле) за сообраќајното правило на кружен ток дека нема предност оној што има поскапо возило туку оној што мисли да влезе а на кружниот ток треба да кочи ако веке има некој во него... па така јас со комбето, влезен на кружен ток, а типов со крајно иссељачено понашање ладнокрвно на 1,5 метар од мене ми пресече пат... здрвување на кочница, успеав да застанам на 5 сантими од него, ама со раната директ во мењачот на комбето удрив... почна да боли...овој си отиде, јас продужив за скопје... по пат осетив мокро на нога, ама сепак продолжив. стигам во скопје, застанувам кај еден тип што требаше да идам, излагам од комбе и цела нога крв уствари... право во болница, пола рана отворена, ама и претходно почнала да гнои... што клетви му исподелив на ашљакот гостиварски, мислам дека до трето колено му обезбедив се...
и сега вечерва сум толку нервозен, што со голи раце ке рушам зид од нервоза...