Кај 15ч. возев од Автокоманда кон Ново Лисиче. Нормално, имаше колона, меѓу останатите возила и еден товарен камион со отворен кипер. Токму на семафорот на мостот близнак му избегав од лента, но кај Лукоил, иако на лентата десно и добри 15 метри позади, еден камен ми се одби од шофершајбна.
Кога погледнав подобро, од различни отвори на товарниот простор си излетуваа камчиња со различна големина.
На следниот семафор, застанав токму пред него и му објаснив со гестови дека му лета товарот.
Ми кимна во стил „знам де“ и никому ништо.
Јас запишав регистрација за секој случај и испадна дека носи различни таблички напред и назад (или, пак, приколката имаше различни таблички од камионот - смее ли така?)
Среќа, не видов оштетување, освен што сопатничката се извади од памет при ударот на каменот.