Од сите градови во Р. Македонија според мене најиндијански се вози низ Тетово. Таму како и за се останато, така и во сообраќајот не се почитува(или познава) ниту еден закон. Потоа е Струга, па Охрид. Најнеискусни возачи има по помалите местенца како Св. Николе, Виница, Велес. Бар од моето сообраќајно искуство низ тие места имам добиено таков впечаток.
Не знам дали и колку редовно си сообраќал низ Куманово и Штип... По мои бројни искуства, Тетово е финска ауто-школа у однос на тие места 
Штип не може да му се фати на мал прст на Куманово во поглед на шоферско дивотарење...
Иначе, 80% од провинцијалците* кои не знаат да возат низ Скопје, проблем имаат со улиците, не со сообраќајните знаци...
И ја сечев ленти дур да ги научам улиците низ Скопје и правев сообраќајни прекршоци...
Не е од што не знам да возам, тешко е да се движиш низ сообраќај на непознат терен...
Не знаеш дали да гледаш кај треба да свртиш, дали да пратиш да не ти се пика некој у мртов агол, или дали си во правата лента за движење...