Мене пред година две на паркинг пред диско клуб во Кавадарци ме блокира едно цитроенче касара,а и го знев дечкото кој е.Веднаш му ги извадив регистарските таблички и на обезбедувањето (пријателче мое) му реков ако некој бара таблички да го прати кај мене.И не поминаа 20 мин. еве го дечкото со зборовите ''Слушам кај тебе ми биле табличите'' му викам да кај мене ти се ме интересираше која будала паркира на сред паркинг и блокира возила,му викам ваков шофер кој положил со бишенце(скара) како тебе пешки не е да му се дозволе да оде а не кола да возе.Па едно внуче кое беше со него нешто ми пререче па ги отерав и двајцата со пцовки па со извинување од нивна страна му ги дадов табличките.
И од тогаш моето мото е кога некој ќе ми паркира пред гаража или ќе ме блокира '' ШТО ЌЕ ГО БАРАМ ЈАС НЕГО,НЕКА МЕ БАРА ТОЈ МЕНЕ,ПА ДА ВИДЕ КАКО Е КОГА БАРАШ НЕКОГО''
A знаеш ли дека таблици според закон не смее ни полиција да ти вади, а камоли друго лице?
И да не испадне после тебе дома да ти дојде полиција па да те побара за кражба?
А ти докажи дека некој те блокирал, и си се правел мангуп да му ги извадиш таблиците?
Во таков случај се вика пајак служба, и проблемот се решава...
Во спротивно, ако е некој совесен, ке јадеш само прекршочна пријава од полиција дека си му украл таблици, а ако е некој чатрапал може и заби да ти искрши, или недај боже како е дојдено време и да те изрешета како сито за ситно брашно...