Вечерва ептен ме изнервира еден возач со Шкода Фаворит. Стојам јас на семафорите кај Дал Фуфо на водњанска за надоле 1 во мојата лента и продолжувам направо и на следната вртам лево накај АМСМ. И научен сум секогаш дека кога сум прв на лента тргам малце побрзо и возам се така до следниот семафор и го фаќам на 2-3сек и минам, зошто тие се најлошо синхронизирани семафори на северната хемисфера на земјава и само што те пуштил тој кај фуфо долниов го чекаш 92с. со нормално возење. И денеска така на дождов тргам прв, залетан си возам и го гледам семафоров 3сек кога пред мене човекот со шкодата на 3сек си застанал и чека на семафорот. Ај некако закачив не се изнервирав за тоа толку колку што кога се запали црвеното и видов 92сек. Дечкото на најдождливово време застанал со колата на зелено светло и чека да го фане црвено за да почека уште 92сек. Гратис беше што имаше расипан плински уред и корнеше на плин.