^ Имам претходно напоменато, дека во Ново Лисиче, каде што живеам, нема опција за гаража, нема гаражи, туку има солиден паркинг простор кој што до пред 2-3 години беше сосема доволен, додуша и сега е доволен доколку го користат станарите, ама шетаат луѓе, идат по гости, ќе докупи некој уште една кола и тоа е тоа. Кога се градело и праел паркинг во 80тите можело фудбал да се игра по паркинзи, сеа не можеш игла да фрлиш. Ама добро е, општинава се заангажира, почна да проширува дел од паркинзите низ Ново Лисиче, така што се надевам дека во блиска иднина ќе има повеќе простор. Уште една глупост е тоа што често се дешава, 2-3 коли да се лошо паркирани и да имаат зафатено место за 5 коли.