Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 2994574 пати)

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7324
  • French diamond
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22290 на: 03 Ноември 2025, 20:45:46 pm »
Абе како може да си толку прост? Возиш 110 во населено место каде што ограничување е 60, сечеш кривини како дебил некој. Во населено место веројатноста да направиш глупост при толкава брзина е многу голема. Па требаше тој со рав4ката да ти излезеше и да се лупнеше и на крај пак ќе го кркаше зошто возиш како будала.

@velestrumf  може ли видеово да се даде некако на полиција во Германија и да го казнат за возење како 16 годишен чаирчанец?

Не е до мене брза е Алфата баце, неможиш да ме разбериш  ;D А музиката е рандом спотифај, нормално сепско ќе врти, англиско само ако морам радио да слушам.
Од Понеделник до Петок го возам Пежото со 70 коња, па за викенд мора да си го напрам ќефот, инаку таму се вози редовно 90 и тоа замисли германците возат толку.

Го тргнав видеото да не ви ги повредува чувствата, Дева Марии  :)
« Последно менување: 03 Ноември 2025, 20:58:49 pm n1kola »

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5161
  • The Spartan General
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22291 на: 03 Ноември 2025, 21:17:07 pm »
Штета, тука имаме членови кои снимаат видеа на автопати со ограничување на 120км/ч. при возење 290 км/ч. Барем во Германија тоа возење е легално на неограничен автопат.

Паа тоа возење ни во Германија не е легално, ама тоа е многу долг муабет и на крај ќе се скараме во објаснувањето и толкувањето на правилата. Во Германија нема обврзувачко ограничување на брзината на нивните автопати. Ама тоа во превод не значи дека здебеленото горе е дозволено. Тоа исто не значи возење со 290км/ч исто по автоматизам е дозвочено на сите места кадешто нема ограничување на брзина.



Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14814
  • Пудингот на шоферството
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22292 на: 03 Ноември 2025, 23:36:26 pm »
Разликата е што на едното место можиш да возиш 290 без да имаш проблем со полиција,а на другото место не смееш да возиш 290.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5161
  • The Spartan General
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22293 на: 04 Ноември 2025, 08:06:28 am »
Разликата е што на едното место можиш да возиш 290 без да имаш проблем со полиција,а на другото место не смееш да возиш 290.

Така е. Ама кадешто нема ограничувања во Германија, не секогаш е дозволено да возиш 290, туку да возиш со брзина со која во секој момент имаш целосна контрола над возилото, целосна контрола на ситуацијата и не претставуваш ризик за другите учесници во сообраќајот. Ако направиш беља на таа брзина, дури и да не си крив, секогаш дел од вината ја добиваш и ти затоа што поради неприлагодена брзина немаш целосна контрола на ситуацијата. Осигурителната компанија најчесто не ја презема штетата, или делумно ја презема штетата и остатокот (ако останеш жив) го покриваш ти на свој трошок.

Затоа, кога е празно, нема гужви, нема шлепери нема да имаш проблем со полиција на таа брзина. Ако има многу сообраќај, ако има многу гужва а ти инсистираш да возиш 290км/ч затоа што нема ограничување, во најдобар случај ќе имаш проблем со полиција. Во најлош случај, ќе те пее поп.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20827
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22294 на: 04 Ноември 2025, 09:01:25 am »
Абе како може да си толку прост? Возиш 110 во населено место каде што ограничување е 60, сечеш кривини како дебил некој. Во населено место веројатноста да направиш глупост при толкава брзина е многу голема. Па требаше тој со рав4ката да ти излезеше и да се лупнеше и на крај пак ќе го кркаше зошто возиш како будала.

@velestrumf  може ли видеово да се даде некако на полиција во Германија и да го казнат за возење како 16 годишен чаирчанец?

Не знам... Само се надевам дека побрзо ќе стигне до полиција и/или соодветна казна, отколку до плачење на погреби.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2027
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22295 на: 06 Ноември 2025, 16:14:58 pm »
Последен период ме нервираат многу насилници да ги речам во сообраќај местото каде што живеам е створено за бељи од што моментално е пренаселено според мене, на благоја стефковски каде што насабајле почна да има гужви зимаат свират блендираат да убрзаш и да убрзаш ке стигнеш 30 секунди порано зошто толку е разликата, друга работа што ужасно ме нервира пешаците што не мислат на своите постапки вчера имав 3 ситуации од паркирани коли се избаци на улица да преминува кајшто нема нит пешачки нит ништо среќа споро возев уште ја крив, а глава не врти.. друг случај ист со претрчување преку улица повозрасна жена тргна виде застана на сред лента ко стаписана нит навака нит натака.. трета ситуација поминување на пешачки со возење точак ужасно ме нервира кај еаст во темното кај кружниот прелета типка без да подзакочи очекува дека ке процениш што се нејзините постапки а и низ центар истата шема е со точаците не знам зошто е толку тешко да се симнат и поминат нормално, ама тоа е недостасува многу сообраќајна култура кај сите.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1894
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22296 на: 06 Ноември 2025, 16:25:22 pm »
Затоа даш кам. Не дека нема да имаш грижа на совест (пу пу скраја да е), ама нема да заглавиш в затвор ни крив ни должен (не е доказ ама гарант ќе влијае на судијата).

Мене ме нервираат (а и ми сметаат) со лед светла во халогени фарови. Некогаш стварно мислам дека возат со долги, им блендирам и тие ми блендираат демек средни има пуштено.
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22297 на: 06 Ноември 2025, 16:38:12 pm »
Денес имаше прилично лоша сообраќајка во Тафталиџе измеѓу BMW F10ка и Мерцедес Е или S класа, таму позади Млечен. БМВто како што возело по главната улица, од левата страна Мерцедесот се залетал од споредната уличка (пред која што раскрсница има знак за првенство на минување на другата улица), го удрил во предното лево крило и БМВто се удрило во оградата на куќата на ќошот. Личеше прилично сериозно удрен, дечкото во БМВто имал среќа што не бил ударот пола секунда подоцна па да биде во возачка врата.

Што е најлошо, како што поминував, возачот на Мерцедесот му објаснуваше на возачот на БМВто како тој „воопшто не успорил“ и дека „нема потреба од полиција“, дека „има тој влеч служба ќе ги тргне одма за да ја ослободат улицата“.

Тука беше: https://maps.app.goo.gl/2rDJiPLrYN6nHhxJA

Мене ми е само нејасно како овој со Мерцедесов успеал да убрза доволно за така лошо да го удри и да не може да закочи, улицата од кај што иде е 50 метри цела.

Отсутен shelby

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 123
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22298 на: 06 Ноември 2025, 17:22:29 pm »
Не знам која е потребата да се дивее по тие мали улички. Низ град само строго дефанзивно пензионерско возење а понекогаш и тоа не те спасува.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34340
  • Таков е животот... јебига
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22299 на: 07 Ноември 2025, 22:31:06 pm »
Последен период ме нервираат многу насилници да ги речам во сообраќај местото каде што живеам е створено за бељи од што моментално е пренаселено според мене, на благоја стефковски каде што насабајле почна да има гужви зимаат свират блендираат да убрзаш и да убрзаш ке стигнеш 30 секунди порано зошто толку е разликата, друга работа што ужасно ме нервира пешаците што не мислат на своите постапки вчера имав 3 ситуации од паркирани коли се избаци на улица да преминува кајшто нема нит пешачки нит ништо среќа споро возев уште ја крив, а глава не врти.. друг случај ист со претрчување преку улица повозрасна жена тргна виде застана на сред лента ко стаписана нит навака нит натака.. трета ситуација поминување на пешачки со возење точак ужасно ме нервира кај еаст во темното кај кружниот прелета типка без да подзакочи очекува дека ке процениш што се нејзините постапки а и низ центар истата шема е со точаците не знам зошто е толку тешко да се симнат и поминат нормално, ама тоа е недостасува многу сообраќајна култура кај сите.
Тие со точаци што возат на десна коловозна лента и што им текнува во последен момент да вртат лево на пешачки премин без да погледнат ниту да сигнализираат, треба веднаш под тркала. Штета само што се оди во затвор за тоа иначе си треба.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11839
  • Архитект
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22300 на: 09 Ноември 2025, 23:33:30 pm »
Денес имаше прилично лоша сообраќајка во Тафталиџе измеѓу BMW F10ка и Мерцедес Е или S класа, таму позади Млечен. БМВто како што возело по главната улица, од левата страна Мерцедесот се залетал од споредната уличка (пред која што раскрсница има знак за првенство на минување на другата улица), го удрил во предното лево крило и БМВто се удрило во оградата на куќата на ќошот. Личеше прилично сериозно удрен, дечкото во БМВто имал среќа што не бил ударот пола секунда подоцна па да биде во возачка врата.

Што е најлошо, како што поминував, возачот на Мерцедесот му објаснуваше на возачот на БМВто како тој „воопшто не успорил“ и дека „нема потреба од полиција“, дека „има тој влеч служба ќе ги тргне одма за да ја ослободат улицата“.

Тука беше: https://maps.app.goo.gl/2rDJiPLrYN6nHhxJA

Мене ми е само нејасно како овој со Мерцедесов успеал да убрза доволно за така лошо да го удри и да не може да закочи, улицата од кај што иде е 50 метри цела.

Пред да отворам мапа, си претпоставив дека е баш на таа раскрница.
Ужас ни е сообраќајот. Тие шо возат од кај Катастар према Млечен, мислат дека се во предност.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6945
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22301 на: 10 Ноември 2025, 08:00:16 am »
Опасна работа е овој наш неедуциран народ, вози со точак кај шо ептен не треба и соли памет за други. Ептен има будали шо возат на улица и дури во лева лента, оние педерите/стегнатите.

Привремениот кружен Стрелиште, Битола:
https://www.facebook.com/vigorr/videos/1341596904313750/#

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22302 на: 10 Ноември 2025, 08:55:47 am »
Денес имаше прилично лоша сообраќајка во Тафталиџе измеѓу BMW F10ка и Мерцедес Е или S класа, таму позади Млечен. БМВто како што возело по главната улица, од левата страна Мерцедесот се залетал од споредната уличка (пред која што раскрсница има знак за првенство на минување на другата улица), го удрил во предното лево крило и БМВто се удрило во оградата на куќата на ќошот. Личеше прилично сериозно удрен, дечкото во БМВто имал среќа што не бил ударот пола секунда подоцна па да биде во возачка врата.

Што е најлошо, како што поминував, возачот на Мерцедесот му објаснуваше на возачот на БМВто како тој „воопшто не успорил“ и дека „нема потреба од полиција“, дека „има тој влеч служба ќе ги тргне одма за да ја ослободат улицата“.

Тука беше: https://maps.app.goo.gl/2rDJiPLrYN6nHhxJA

Мене ми е само нејасно како овој со Мерцедесов успеал да убрза доволно за така лошо да го удри и да не може да закочи, улицата од кај што иде е 50 метри цела.

Пред да отворам мапа, си претпоставив дека е баш на таа раскрница.
Ужас ни е сообраќајот. Тие шо возат од кај Катастар према Млечен, мислат дека се во предност.

Знаците се многу добро обележани дека одат на расксрница со првенство на минување, ама кој да гледа знаци.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7324
  • French diamond
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22303 на: 10 Ноември 2025, 09:12:47 am »
Опасна работа е овој наш неедуциран народ, вози со точак кај шо ептен не треба и соли памет за други. Ептен има будали шо возат на улица и дури во лева лента, оние педерите/стегнатите.

Привремениот кружен Стрелиште, Битола:
https://www.facebook.com/vigorr/videos/1341596904313750/#

Поздрав до пријателот Игор од Битола. Се запознавме на Касандра – Калитеа пред едно 10-тина години на одмор, а потоа случајно повторно се сретнавме на Лефкада. Ако е на форумов, нека ми пише порака да клајме по едно кафе..

А пази тие двата глупаци што незнаат кој има предност на кружен, будала што застана тој со џипот.

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9005
  • Пичлеме
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22304 на: 10 Ноември 2025, 09:20:14 am »
Поминав во саботата од таму, истата ситуација, исилен тој позади мене, морав да застанам да не ги излупам ступчињата од страна.
И во спротивната насока е ебиветер привремената изведба, ама ние изгледа поебиветер сме, нема потреба од пазење, вози Мишко :)