Пак денес на делницата Кавадарци - Прилеп, новиот пат...
Не е чудо шо има сообраќајки таму. 4 затворени линии и толку, не се знае која чија е.
Си излегуваат преку 3 ленти, претекнуваат, бегај криј се во последната... Не знам дали е попаметно по стариот пат Раец / Фариш да се оди нареден пат...
По глуп пат до сега не се е направил.
Браво за стоката наша што ја раниме.
Секоја недела го поминувам патов и сеуште не се чуствувам пријатно кога возам тука. Многу лош пат, односно лошо обележан. Одделувањето на лентите со ограда на средина направено на кривини, ступчињата недоволно се рефлектирачки навечер или турнати од некој што не ги видел, полна линија каде што има прегледност да се претекни и се прави колона и сл. Рецепт за глупости правење.
Башка луѓево како да добиваат крилја тука, па ако возиш 110-120 блендираат, свират, возат 150.
Арно рече некој на форумов, ако не ни чини патов нема што да се буниме туку да си возиме по стариот пат кај тракторите. Што има врска дека патов со народни пари го правеле
