Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 2896227 пати)

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1878
Дали новиве камери ќе ги фаќаат шерифиве со веспи што сечат по пешачки, филтрираат сообраќај и возат во контра смер за да скратат пат, или самото тоа што немаат предна табличка не може да ги детектира? Сметам дека може уште еден буџет да наполнат ако се санкционира неодговорно возење, вклучувајќи ги ваквите сабвеј сурверс на скутери, тротинети, точаци па и коли, иако со кола треба ептен амеба да си за да возиш така.

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4018
Ќе има многу коли без задна/предна таблица од 1ви Јануари. Исто може и да почната да се крадат таблици и да се вози со нив на друга кола :D
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Присутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1862
Дали новиве камери ќе ги фаќаат шерифиве со веспи што сечат по пешачки, филтрираат сообраќај и возат во контра смер за да скратат пат, или самото тоа што немаат предна табличка не може да ги детектира? Сметам дека може уште еден буџет да наполнат ако се санкционира неодговорно возење, вклучувајќи ги ваквите сабвеј сурверс на скутери, тротинети, точаци па и коли, иако со кола треба ептен амеба да си за да возиш така.
Traffic filtering не е нелегален доколку се прави безбедно, во смисла стојат коли на семафор а моторот минува меѓу нив со мала брзина (до 30кмч) и нема ништо спорно тука. За сѐ останато си во право.

Sent from my SM-S928B using Tapatalk

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1197
Не е баш се прифатливо. Неможе да е еднаш шак еднаш кола.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Дали новиве камери ќе ги фаќаат шерифиве со веспи што сечат по пешачки, филтрираат сообраќај и возат во контра смер за да скратат пат, или самото тоа што немаат предна табличка не може да ги детектира? Сметам дека може уште еден буџет да наполнат ако се санкционира неодговорно возење, вклучувајќи ги ваквите сабвеј сурверс на скутери, тротинети, точаци па и коли, иако со кола треба ептен амеба да си за да возиш така.

Да, стварно најголем проблем се шерифите со веспи. Да умрат до 01.01 најубаво ќе е, да се раатисате од најголемиот проблем во скапаниот сообраќај. ;D

Една скапана кола заглавена на раскрсница на црвено што влегла прави 100 пати поголем проблем од веспите. Сообраќајот се распаѓа во секој можен аспект, баш веспите сега проблем се.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5928
Во неполн месец два пати кокошки ќе ме изгазеа за влакно на пешачки во Битола, едниот пат на пешачки кај Шик Лавци на мое зелено ја нагази од горе едвај прерипав на другата страна од улицата.
Вториот пат кај Водовод, врвам на сред пешачки сум, ја гледам во пунтото се гледа лево десно дали има возила и ја нагази за на кај фонтаната, отскокнав малце и само со ретровизорот ме удри, милисекунда да бев побавен вероватно ќе ме возеше на хауба.
За престројување рандом од една во друга лента веќе не е ни за муабет. Ако видам коса почнав да се маткам во моја лента оти немојш да знајш кога ќе и текни да повози во другата.
Стварно не знам како земаат возачки, нешто со ботоксот во муцките има врска изгледа.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34289
  • Таков е животот... јебига
Traffic filtering не е нелегален доколку се прави безбедно, во смисла стојат коли на семафор а моторот минува меѓу нив со мала брзина (до 30кмч) и нема ништо спорно тука. За сѐ останато си во право.

Како бе мала брзина до 30км/ч за меѓу коли? Да не сакаше 300 да пишеш ебаго?
Таков еден морон меѓу коли се утепа и ми го изгреба прагот и полумесецот на Спаркот и го скрши ретровизорот на Аудито од карши, од што е безбедно.

Прав си, 30кмч ми се виде мала како бројка, но кога ќе размислам воопшто не е за спровирање меѓу ретровизори. Поентата ми беше дека ако има простор нема логика да се чека назад и може да се помине помеѓу возилата. Што се однесува до безбедна брзина веројатно не би надминала 15-20, ќе проверам утре и ќе пишам :)

Sent from my SM-S928B using Tapatalk

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9225
Jas pominuvam nonstop ne sum videl so koja brzina ama so nekoja na koja sum stabilen, ako lazam poveke moze ds se slaknam vo nekoj za da odrzam ramnoteza

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1411
Кривини, полна линија, знак 60 возам 60, бела скопска инсигнија ме претицува на пуна линија и за влакно го избегна возилото што му излезе од зад кривината, време е да се сменат овие знаци од југославија кога југо и 101 се возеле да не ги кочиме тркачките опели пежовци и фиати, за германскава тројка да не праиме муабет, може ќе му избега станчето у аеродром од 45 квадрати од кај знаеш. :D ;D ;D

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
шофери се они, не се ко нас :D

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
Дали сѐ почесто забележувате ЛЕД сијалици во обични фарови?

Вака беа актуелни ксенон сијалиците пред 10-15 години, па после тоа како да ги снема. Но, се појави нешто појако, ЛЕД-от.

Ај што и онака сметаат, па кога се расштелувани, очи параат. Некогаш не можам да проценам дали се долги или кратки, им блендирам и тие ми блендираат, демек со средни сум :D
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1720

Имаше тука на форум убедување дека не сметале на никој пошто на зид на 3-4 метри растојание добро изгледале.  :D

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
@andrejnaumovski Ако не се лажам, тоа беше на фар со лупа. Во такви фарови не сум забележал да ми сметаат, колку-толку имаат ограничен сноп.
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1720
@andrejnaumovski Ако не се лажам, тоа беше на фар со лупа. Во такви фарови не сум забележал да ми сметаат, колку-толку имаат ограничен сноп.

Не не, специфично имаше дискусија дека во фар со рефлектор не сметале.