Вчера бев до Скопје малку онака на шетња и требаше да отидам до ова Manex Eglo за осветлување после Бит Пазар.
Се паркирам од другата страна на булеварот и викам да преминам на пешачки да земам тоа што треба.
Еден будала костумисан вози полека накај мене (и збори на телефон, нормално) додека преминував пешачки и ми свири. Значи, не да закочи, туку онака му се тркала колата накај мене и свири како будала, а јас обично гледам брзо да преминам пешачки т.е не одам споро. Убаво го изгледав, му подзастанав малку на среде пешачки и кога преминав улица мајчиниот нешто ми дига раце од внатре. Да ме допреше со браникот, ќе легнев таму на среде улица и ќе се издешаваа срања со тужби отпосле, барем ќе си исплатев кредитот, се да му ебам женско по дома.
Еден од ретките моменти во животов кога посакав да убијам некого, онака да го испуцам со 5-6 куршума низ шофершајбна, каубојската, без трошка милост и совест.
Со сите последици што идат после тоа.
Обично не се нервирам низ скопските улици и кога возам (освен кога сум заглавен во гужва) и кога одам пешки бидејќи знам какво срање се дешава, ама вчера ми се спои притисокот за 2 секунди.
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Денес во Штип на кружен, јас веќе влезен во кругот и таман да излезам на спротивната страна, едно копиле се убацува пред мене, влегувајќи од десно. Земав да му дигам раце и да сугерирам дали е нормален, он ми прави со рацете „Смири се“.
Среќа што не искочи да се расправа, ќе го исшамарав из цуга и ваљда тогаш јас ќе исплаќав нечиј кредит.
Не знам што курац се дешава со луѓето во последно време, сите накурчени, сите нешто форсираат во сообраќај. Ќе се најде некој разбран, ќе те пропушти, ќе го пропуштиш, ќе си свирнете успат за поздрав, ама ова е многу, многу ретко.