Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 2900439 пати)

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Кажи им @Mikius :) Да не можеш да се издуваш пред Рамстор, и да подрипнеш баш пред пешачкиот, туку треба да застануваш тука да чекаш.

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 425
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Или јас сум многу поштен, па застанувам на секој пешак или твитеров е ултра канцероген.
Трол акаунт е, не земајте здраво за готово  ;D

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Без разлика дали е трол или не, еве јас како пешак, воопшто не ми е проблем да почекам колона од неколку возила па да преминам на пешачки. Не ми е проблем и улетана кола да ја причекам да помине, зошто јас можам да застанам за дел од секунда како пешак, за разлика од него што незнам дали ќе може/сака да застане.
Ако не застане, он ќе има искршени делови од кола, а јас од тело, што ќе ми вреди оштетата ако останам оштетен за цел живот?
Мене ме нервираа кога се шетав со деца, едно за рака, друго во количка и кога никој к*р не го боли дали ти треба безбедно да преминеш улица со деца. Сум чекал и со нив и не ми било проблем, ама можеби од онаа страна јас како возач колку пазам на родители со деца на пешачки, можеби очекувањата ми биле исти и во обратната ситуација.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Во сообраќајов во „метрополава“ никој никого не е** ни 2%. Ги пропуштам сите нека кршат глава, за пешаци исто многу внимавам иако исто како Зоки никој не ме рецка во обратна ситоација. Најмногу од такт ме вадат ситоации што се почесто ми се случуваат чекам на пешачки да поминат пешаци, а зад мене свират ли свират стоките. Ваљда треба да ги газам луѓево за некој вол да помине 2 секунди побрзо.

Или пак најново од пред некој ден беше жолто кај Соборна и почнав да успорувам далеку бев од семафорот и се уклучи црвено. Волот со џип Киа Спортаж, штета што не не му заприметив регистрација па да го објавам се уби од свирење и од пцуење зошто сум застанал на црвено. Го гледам на ретровизор пцуе ли пцуе... Пукање филмот, прв пат од кола да излезам, на клоци ке го кренев во најдобар случај. Уште изненаден волот зошто сум излегол од кола... А нема што не кажа, провинција, малоумен, идиот ... да не набројувам, а се тоа зошто застанав на црвено на раскрсница. Тек на зелено да подзакочев којзнае што ќе се десеше :)

Така да за се повеќе и повеќе проста маса и спас веќе нема

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Стока колку сакаш, во било какво превозно средство сакаш...

Рамстор (и други локации) најголем дел од пешаците ти влегуваат во зебра без никакво предупредување.
Сите мислат дека се Тито. Нема гледање лево-десно. Директно трга (т.е. не трга, туку од паркинг влегува на пешачки без никакво подзапирање), па ти ако имаш време закочи, ако не скијај...

Тргаш нагоре, излегуваш на Партизанска: точаци на велосипеди не се симнуваат од нив при преоѓање пешачки.
Се исклучуваш десно со 20-30 на час, тој ти влетува пред тебе со дупла брзина и си тера како ништо да не се случило.
И ова го гледам секој ден.

На крај, секако, стоките во коли. Барем да научеа трепкач да пуштат кога се престројуваат.
50% од нервозата ќе ја снема.
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Абе вчера (недела) бев до државна, од толку слободни паркинг места, идиотот со кола се паркираше пред влез на Токсикологија, у моментот доаѓа возило на прва помош, верувајте не можеа пациентот да го внесат ради паркираниов.
Што понатаму???

Отсутен Charlie

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 214
Саркастичен е ,ко и повекето на твитер xD

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Возење деца/бебиња во скут зад волан само во Ченто ли е тренд?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Возење деца/бебиња во скут зад волан само во Ченто ли е тренд?
Не, и не е поврзано со национални верски и останати определби. Универзален сељачизам и недостаток на IQ е, претежно концентриран на „Западен Балкан“.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Возење деца/бебиња во скут зад волан само во Ченто ли е тренд?

Да. Во Кисела Вода ги возат на скутер, како што е ред.
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Возење деца/бебиња во скут зад волан само во Ченто ли е тренд?

Да. Во Кисела Вода ги возат на скутер, како што е ред.
Таткото со кацига, детето без, така?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1083
Ехааа, ќе видиш триста чуда. Пред некој ден татково на е-тротинет го шиба колку иде по булевар, а малово-едвај 4-5 години да имаше, клечи и се држи за колено на татково! Не е за секој дете, туку ластегарка!  :o >:(

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Возење деца/бебиња во скут зад волан само во Ченто ли е тренд?

Да. Во Кисела Вода ги возат на скутер, како што е ред.
Таткото со кацига, детето без, така?

100%.
Заборавив... два пати имам видено со ептен мали деца, као не знам ни 2 години дали беа...
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Ехааа, ќе видиш триста чуда. Пред некој ден татково на е-тротинет го шиба колку иде по булевар, а малово-едвај 4-5 години да имаше, клечи и се држи за колено на татково! Не е за секој дете, туку ластегарка!  :o >:(
Видов сличен, ако не и истиот случај. На партизанска.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Возење деца/бебиња во скут зад волан само во Ченто ли е тренд?
Пред некој ден на Тетово-Скопје комбе вози пред мене и цело време шета лево-десно, ќе влезе во друга лента, па ќе се врати..
Тргам да го поминам и има што да видам, копукот седнал дете од 9-10 години и малиот си врти волан, си го вози комбето! На АВТОПАТ!