Ама дали можеш да идентификуваш некое лице со камерата во рикверц? Не би рекол, дополнително што не врши видео надзор. Зарем ако паркинг камерите на возилата не беа во согласност со GDPR, мислите дека во ЕУ ќе беа дозволени, каде се многу понапред во заштитата на личните податоци?
За камерите во возилата кои снимаат, може ли да се примени член 2, одредба 2 од законот?
„(2) Одредбите од овој закон нема да се применуваат врз обработката на личните
податоци што се врши од страна на физички лица, исклучиво заради лични активности
или активности во домот.“