Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 2900699 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #21000 на: 27 Јануари 2021, 13:06:02 pm »
Цитат
Член 4.

„Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано
физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува...
...или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички,
физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа
физичко лице;
Не приметувате колку се нејасно дефинирани последните описи на личен индентитет?
Освен ако не нѐ облечат сите во скафандери за space walk, секогаш ќе се гледа дека некој е бел а некој црн или кафеав, или ќе носи кече/бурка, или брада без мустаќи, или тетоважа, и практично ниедна видео снимка или фотографија на која има жив човек, секогаш некој надлежен орган може да прогласи снимање на лични податоци или како веќе го нарекуваат „прекршокот“. :-/

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #21001 на: 27 Јануари 2021, 13:29:16 pm »
Снимаш и пешаци, велосипедисти, тротинетисти, кабриолети...

Глуп закон е во секој случај.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4396
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #21002 на: 27 Јануари 2021, 14:28:26 pm »
Ама дали можеш да идентификуваш некое лице со камерата во рикверц? Не би рекол, дополнително што не врши видео надзор. Зарем ако паркинг камерите на возилата не беа во согласност со GDPR, мислите дека во ЕУ ќе беа дозволени, каде се многу понапред во заштитата на личните податоци?
За камерите во возилата кои снимаат, може ли да се примени член 2, одредба 2 од законот?
„(2) Одредбите од овој закон нема да се применуваат врз обработката на личните
податоци што се врши од страна на физички лица, исклучиво заради лични активности
или активности во домот.“

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #21003 на: 27 Јануари 2021, 14:34:00 pm »
Сум работел порано на усогласување  со овој закон уште кога беше во почетна фаза и Агенцијава беше Дирекција за заштита на лични податоци.

За нив скоро се беше личен податок... поготово видео снимка од автомобил.

Паркинзи снимаат правни лица за кои важат одредби за видео надзор кои ги постирав погоре.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #21004 на: 27 Јануари 2021, 14:37:18 pm »
Сум работел порано на усогласување  со овој закон уште кога беше во почетна фаза и Агенцијава за заштита беше Дирекција за заштита на лични податоци.

За нив скоро се беше личен податок... поготово видео снимка од автомобил.


Кога се неписмени може и натална карта да кажат дека е личен податок.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4396
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #21005 на: 27 Јануари 2021, 15:04:59 pm »
Сум работел порано на усогласување  со овој закон уште кога беше во почетна фаза и Агенцијава беше Дирекција за заштита на лични податоци.

За нив скоро се беше личен податок... поготово видео снимка од автомобил.

Паркинзи снимаат правни лица за кои важат одредби за видео надзор кои ги постирав погоре.

Паркинг камери мислев камерите кои ги имаат возилата кои се активираат при паркирање, и не снимаат тие, те не го зачувуваат видеото кое се емитува на екранот.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #21006 на: 27 Јануари 2021, 15:14:19 pm »
Цитроен веќе некое време продава коли со билт ин камера.

https://www.citroen.co.uk/about-citroen/technology/connectedcam-citroen

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #21007 на: 19 Февруари 2021, 09:04:36 am »
Инфо:

Министерството за внатрешни работи информира дека на 19.02.(петок), 22.02.(понеделник) и 23.02.2021(вторник) во временскиот период од 14,00 до 17,00 часот во Скопје најавен е протест организиран од страна на сопственици на ресторани за организирани настани, претставници на фото студија и музички бендови.

Протестот е планиран на крстосницата помеѓу бул.„Александар Македонски“, ул.„16-та Македонска бригада“ и ул.„Интернационални бригади“.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #21008 на: 19 Февруари 2021, 09:21:27 am »
Цитат
Протестот е планиран на крстосницата помеѓу бул.„Александар Македонски“, ул.„16-та Македонска бригада“ и ул.„Интернационални бригади“.

Воена формација ;D

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #21009 на: 19 Февруари 2021, 09:31:50 am »
и ја треба да ги барам кои се улиците, наместо некој малце пописмен новинар да напише дека блокадата ќе биде на семафорите во Автокоманда!

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4768
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #21010 на: 19 Февруари 2021, 10:18:11 am »
и ја треба да ги барам кои се улиците, наместо некој малце пописмен новинар да напише дека блокадата ќе биде на семафорите во Автокоманда!
Конечно некој со разум! Роден и растен у ШК, 5 улици дали знам по име, 100 пати ги сменија и ден денес некој ко ќе ми каже е на Фуштанска 84, бр7 сум, дај кажи кафана/кафич/некој друг познат објект, неам џи пи ес у гз.


Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1080
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #21011 на: 19 Февруари 2021, 11:13:22 am »
Има ли некоја легална опција во подземен паркинг на зграда кога некој идиот ке влезе и ке се паркира на туѓо паркинг место или блокира некое паркинг место нешто да се превземе ?

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #21012 на: 19 Февруари 2021, 11:15:43 am »
Stavi si onakva precka vo beton shto se montira, drugo care nrma

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1490
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #21013 на: 19 Февруари 2021, 11:28:46 am »
Има ли некоја легална опција во подземен паркинг на зграда кога некој идиот ке влезе и ке се паркира на туѓо паркинг место или блокира некое паркинг место нешто да се превземе ?

Ако имаш втора кола (не со пасатот ;D) заглави го колку што можеш подолго, сигурно нема да му текне друг пат
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #21014 на: 19 Февруари 2021, 11:30:27 am »
Тоа не е исто како некој во двор да ти влегол со кола? Ако е исто, би повикал полиција (со надеж дека ќе го казнат по некојси член и нема да му текни уште еднаш да паркира тука). Ако не, тоа што вика MarceCvarce.
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!