Дури сте на темата, казните во Германија се дури можеби и пониски од Македонија, баш во Германија и да те казнат за паркинг или брзо возење (15€) ќе ја платиш со помалку од 2% од месечната плата и нема ич да те заболи...проблемот е што Македонија нема кој да казнува, не е проблем висината на казните.
Кој од вас се јавил да пријави некој непрописно паркиран ?
Тука швабите се кодоши прва класа, џандар нема да видиш никаде, ама одма ќе те пријави некој.
Кај нас казнениот систем е од времето погрешно поставен, и оставен така. И популистички само се покачуваат висините на казните бидејќи „еве правиме нешто“.
Казната треба да те научи, да ти врзе заушка да знаеш за друг пат. Не да те осакати. Казните и кај нас треба да се како во Германија - ниски, ама конзистентни. Цело време. За секоја ситница. А не, 300-400-500 Евра казна - цела плата, па и две. Па во тие ситуации луѓе фаќаат врски, вртат по пријатели, молат, кумат... И кога еднаш ќе видат дека имаат врски...
А џандарите ги бркаат највисоките казни, секогаш е така. Ситните ги игнорираат
Вака... 20-30-50 евра казни, ама нон стоп. Ќе платиш една, ќе платиш две... И ќе си речеш - чекај бе, зошто да плаќам?
А сега? Сега казна да закачиш, ќе те осакати. Кај ќе дадеш плата-две, туку и возачката ќе ти ја земат од три до дванаесет месеци... Па со тоа ризикуваш и работа, и плата -
@MecheTo вика во Германија еден месец било ризик, а тука три, шест или 12 месеци? Ама тука нè боли балансштанглата, возиме без возачка - во многу случаи и поради ризик. Луѓе кријат, не кажуваат на работа, да не ги избркаат...
Кај нас осакатуваат казните. Тотално погрешно.