Вчера една девојка , ајде да не ја кажам жена, јер помлада од мене, коа легна на свирка што кочам на жуто пред црвено, и тоа апла далеку од раскрсница бев, па и уште продужи уште троа со свирење откако застанавме на црвено, па и уште после, на следниот семафор, ме загледуе онака прекорно, као сум ја успорил у животот (а тргна 10 секунди покасно зелено коа се упали пошто буљеше у телефон нормално), смешно ми падна дури. Не дека се изнервирав, одамна не ме нервираат идиоти во сообраќај, ама се подразмислив зошто воопшто трајно даваат возачки дозволи. Бар на 5 години треба да се преиспитува знаењето на сообраќајни правила кај нас.