„Согласно условите на патот.“
Да, ама не за тој што го претицуваат, туку за тој што претицува.
Што правиме ако позади камиончето дошло некое Ауди со 150, рецимо... Дали камиончето престигнувало безбедно или не?
И ги заборавив најважните членови:
Член 54
(1) Возачот не смее со возило да започне престигнување или обиколување:
- ако сообраќајната лента по која е, со намера да го изврши
престигнувањето, не е слободна на доволно растојание, така што, водејќи
сметка за разликата меѓу брзината на движењето на своето возило за време
на престигнувањето и брзината на движење на возилата на другите
учесници во сообраќајот што е со намера да ги престигне, со
престигнувањето ќе ја загрози безбедноста на сообраќајот или ќе го
попречи сообраќајот од спротивната насока
*Оваа ставка е најбитна пошто јас како што разбрав, камиончето му влегло на Жиле да го престигне, за потоа за да се престрои за исклучување на десно т.е се преценил во времето потребно за престигнување и престројување за исклучување на десно(2) Возачот кој престигнува е должен своето возило да го држи на
потребната оддалеченост од возилото што го престигнува, така да не го
попречува ниту загрозува сообраќајот.
Член 55
(1) Возачот по престигнувањето или обиколувањето на едно или повеќе
возила, е должен со возилото повторно да заземе положба на сообраќајната
лента во која се движел пред да го започне дејствието, при што истото да го
изврши без попречување или загрозување на другите учесници во
сообраќајот.