Сметам дека за СУВ возило треба да има поскапи давачки при регистрација и осигурување поради следните причини:
1.Кога возиш позади СУВ, немаш никаков или имаш скратен видик за сообраќајот кој се случува пред него. Има опасни и помалку опасни ситуации кои можат да се избегнат доколку пред тебе вози нормално возило.
2.Кога вози позади тебе немаш никаков или имаш скратен видик за сообраќајот кој се случува позади него. Има опасни и помалку опасни ситуации кои можат да се избегнат доколку позади тебе вози нормално возило.
3. Во случај на судар, секако го влечеш подебелиот крај независно дали си крив или не.
4.Ако си пешак,велосипедист или на мотор шансите да завршиш како бечка шницла се многу поголеми отколку кај нормално возило.
5.Зафаќаат поголем паркинг простор на јавни паркинзи.
6. Претставуваат далеку поголем проблем во сообраќајот во случај на тесно разминување.
Иначе денес улетано џипиште ќе ме решеше бидејќи беше доволно високо да со ретровизор ми ја однесе фацата на пешачки.
Али небитно. Преживеав.